• Latest

Цаца-Николовска: Одлуката на судијката Михајлова укажува на непочитување на стандардите на независното судство!

February 21, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Цаца-Николовска: Одлуката на судијката Михајлова укажува на непочитување на стандардите на независното судство!

February 21, 2017 17:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесетина судии, од кои повеќето со подолг стаж во Кривичниот суд, од неразјаснети причини се прераспределени во Судот за прекршоци. Ваквата одлука ја донела в.д. претседателката на скопскиот кривичен суд Татјана Михајлова, која со годишниот распоред за работа на Основниот суд 1 во 2017 година, ги префрлила дваесетината судии од кривичниот во прекршочниот оддел, кој важи за „казнено одделение“ во судот.

Во јавноста веќе наголемо се коментира за јасната намера на претседателката Михајлова, како и за последиците од ваквата нејзина одлука.

За прераспределбата на судиите ЦИВИЛ Медиа разговараше со судијката Маргарита Цаца-Николовска, поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и судијка и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

„Не ги знам причините коишто ја довеле претседателката во ситуација да ја направи оваа прераспределба, можеби таа има некои аргументи, но од аспект на граѓанин и судија којшто ги познава законите во таа област, ваквата одлука укажува на постоење на непочитување на стандардите за независно судство. Очигледно е дека овие судии работеле по одредени предмети и донесувале одлки кои се позитивен одговор на барањето на Специјалното јавно обвинителство“, вели Цаца-Николовска.

За судиите кои се прераспределени да одлучуваат по предметите на СЈО, Николовска вели дека, ваквиот избор на судии не е во насока на создавање независно судство, туку напротив, во насока на демонстирање на работа по налог на одредени лица, односно, по налог на владеачката гарнитура.

„Очигледно е дека постои некаков страв од постапување по овие предмети, врзани со прислушуваните разговори. И тој страв оди до таа мера што веќе се бираат, односно, се оценуваат  судии кои можат да бидат од една страна поволни за нив, а од друга страна, се тргаат судиите кои, според нивното мислење, ќе ги застапуваат правните елементи во утврдување на криминалната или кривичната одговорност. Без разлика дали постои или не, веднаш се создава сомнеж дека одредени судии од ваквото распоредување се поповолни за владеачката гарнитура“, изјави Цаца-Николовска за ЦИВИЛ Медиа.

„Јас верувам дека вакви вонредни префрлања се без согласност на судиите кои се префрлени, а тоа укажува на многу голема негативност, и негативно очекување во делот на судската разврска на предметите коишто ги презентира и по кои постапува СЈО! Компаративната анализа во делот на мерките кои што за одредени предмети се на еден начин применувани, а за други предмети на друг начин, сето тоа укажува на тоа дека апсолутно не се постапува по забелешките не само на Прибе, туку и по забелешките од сите извештаи, години наназад од Европската комисија, и по забелешките на голем дел од невладиниот сектор“, смета Цаца-Николовска

На коментарот за прераспределувањето на поранешниот претседател Владимир Панчевски во Одделот за организиран криминал, таа вели: „Самиот поранешен претседател, кој исто така, покажа одредена зависност не само со неговите постапки, туку и со дел од неговите изјави, и неговото повторно ставање на место да постапува по тие предмети, гледано од страна, покажува слика на голема партизација на судството“.

На списокот на прераспределени судии се наоѓаат имиња на судии кои се потпишаа на петицијата против експретседателот Панчевски, кој со новиот распоред е префрлен да суди во Одделот за организиран криминал и корупција. Со новиот распоред, кој судиите го добиле вчера, и на кој сé уште не стои потписот на претседателката Михајлова, прераспределени се Весна Димишкова, судијката кој издаде наредба за претрес на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Славица Андреевска, која му одреди мерка притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Покрај овие две судијки, прераспределени се сите 13 судии кои поднесоа петиција против Владимир Панчевски, а подоцна беа повикани да дадат изјави и во Судскиот совет. Меѓу нив, се долгогодишниот кривичар Седат Реџепагиќ, како и Марија Клетничка и Оља Ристова.

За сметка на „казнетите“ судии, поранешниот претседател Владимир Панчевски и кандидат за нов претседател на Кривичниот суд е награден, односно распореден за судија во Одделот за организиран криминал, каде се судат предметите на СЈО. И „сваровски“ судијката – Лидија Петровска е прераспределена од Кривичниот во Одделот за организиран криминал. На листата судии кои ќе одлучуваат по предметите на СЈО се најде и судијката Моника Бахчовановска, сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функционер на ВМРО–ДПМНЕ.

Маја Ивановска

Tags: Владимир ПанчевскиКривичен СудМаргарита Цаца НиколовскаСЈОТатјана Михајлова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ