• Latest
Илустрација генерирана со ВИ

Збогум, Америка

May 27, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Збогум, Америка

Иако никој не е изненаден што втората администрација на Доналд Трамп ги напушта долгогодишните глобални одговорности на Америка, самото темпо на промената е извонредно. Веќе се отвора растечка празнина во рамките на светскиот поредок, создавајќи можности за Европа, Кина и други.

May 27, 2025 20:08
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Илустрација генерирана со ВИ

Илустрација генерирана со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

КАРЛ БИЛД / Project Syndicate

Дали се движиме кон ера кога Соединетите Држави едноставно се помалку важни? Ова прашање може да звучи чудно, имајќи во предвид дека Америка останува водечка воена и технолошка сила во светот, издавач на резервна валута и сидро на глобалниот финансиски систем. Но, со тоа што САД избраа да се повлечат од својата глобална улога, постепено ќе изгубат голем дел од моќта и влијанието што сега го земаат здраво за готово.

Секако, моќта и влијанието на Америка веќе опаднаа. Со децении по Втората светска војна, Соединетите Држави можеа да го обликуваат глобалниот систем за да им служи на своите цели, а за време на краткиот „униполарен“ момент што следеше по распадот на Советскиот Сојуз, нивниот статус беше неспоредлив. Но, од тогаш наваму, други сили пораснаа во углед и се стремат кон глобални амбиции. Додека Кина е најочигледниот пример, Европа, исто така, бара единство потребно за да се наметне себеси како сериозен глобален играч, а и многу средни сили исто така сакаат да ги подигнат своите профили.

Ова е контекстот во кој претседателот Доналд Трамп го забрза повлекувањето на Америка. Иако никој не е изненаден што гледа како администрацијата „Америка на прво место“ги напушта глобалните одговорности, самото темпо на промената е извонредно. Веќе се отвора растечка празнина во рамките на светскиот поредок.

Јасно е дека трговијата е централна во размислувањето на Трамп. Не разбирајќи дека таа може да им биде од корист на сите кои се вклучени во неа, тој гледа само игра на нулта сума која Америка ја губи. Не е важно што ова верување е спротивно на основната економија (и здравиот разум), Трамп едноставно не може да го надмине фактот дека САД увезуваат повеќе стоки отколку што извезуваат.

Никој – дури ни Трамп – не знае што ќе произлезе од глобалната трговска војна што Америка ја започна на „Денот на ослободувањето“ (2 април). Но, едно нешто веќе се чини сигурно: улогата на Америка во глобалната економија ќе се намали како што тргувањето со неа (а камоли довербата во неа) станува потешко.

Всушност, иако САД претставуваат значајна трговска сила, трговијата како дел од нејзиниот БДП не го достигнува нивото на Кина или Европската унија. Кина е главен трговски партнер на околу 120 земји, а ЕУ на околу 80, додека Америка е број еден на само 20 или повеќе земји. И сега кога Трамп наметна или се закани со големи царини против пријателите и против непријателите, позицијата на САД неминовно понатаму ќе опадне.

Отсуството на Америка ќе биде уште поочигледно во делот на мултинационалната соработка – и внатре и надвор од системот на Обединетите нации. Сега кога Трамп ги повлече САД од Светската здравствена организација, Кина зачекорува како најголем единствен финансиски придонесувач на СЗО. Другите, исто така, ќе мора да преземат поголема одговорност за меѓународните хуманитарни напори

– кои долго време зависеа од финансирањето на САД и веќе брзо се намалуваат – и за борбата против климатските промени.

Додека Трамп упатува закани дека ќе ги преземе Панамскиот канал, Канада и Гренланд, дипломатијата на САД е во повлекување пошироко. Претставници на администрацијата тврдат дека целосната инвазија на Русија врз Украина е „војна на Џо Бајден“ и тие првично одговорија на опасното разгорување на односите меѓу Индија и Пакистан со тоа што прогласија дека тоа не е работа на Америка. Неодамнешното патување  на Трамп на Блискиот Исток беше речиси исклучиво за обезбедување бизнис, инвестиции и договори за оружје. Освен што даваше бизарни изјави за претворање на Газа во одмаралиште, тој во основа го игнорираше израелско-палестинското прашање, оставајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху слободен да следи каква било политика што сака.

Сепак, повлекувањето може да биде опасно. Што ако САД продолжеа да не прават ништо за да охрабрат прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан? Дури и Трамп, кој е пофално против војна, се чини дека ја препознава логиката за постигнување на нов нуклеарен договор во однос на Иран, за да не ја добие Нетанјаху војната што долго ја бараше.

Но, овие изолирани случаи на дипломатија се изклучоци кои го потврдуваат правилото – и Трамп сепак може да се откаже од нив. Повлекувањето на САД е во тек и сé додека други одговорни актери не преземат некои од улогите што ги играше, некои државни и недржавни актери ќе ја искористат ситуацијата во своја корист, создавајќи поголема глобална нестабилност.

ЕУ е очигледен кандидат да ја пополни празнината што ја оставија САД. Има единствена можност да ја зајакне сопствената позиција во она што ќе биде помалку американско-центричен трговски систем. На пример, поврзувањето со Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнерство би можело да донесе големи дивиденди, како и новиот трговски договор со Индија.

Кина, од своја страна, веројатно ќе се засили повеќе во рамките на системот на ОН. Ребалансирање на моќта таму е неопходно, а веројатно и неизбежно и би можело да се забрза под знамето на зајакнување на влијанието на Глобалниот југ.  Но, со оглед на тежината на Кина во рамките на глобалната економија, нејзината улога во управувањето со разни глобални предизвици несомнено ќе расте.

Така, од огромно значење ќе биде како ќе се развива кинеско-европскиот однос. Да немаше кинескиот претседател Ши Џинпинг дадено политичка и економска поддршка на Русија во изминатите три години, патот напред ќе беше појасен. Но, иако ситуацијата е комплицирана, Кина сé уште може да го промени курсот доколку сака.

Друга голема непознаница е како НАТО ќе се прилагоди додека американските воени ресурси се враќаат дома од Европа и Блискиот Исток (или се пренасочуваат кон Источна Азија). Предлогот на Трамп за изградба на „Златна купола“ од слоевити домашни одбранбени системи е совршен симбол на изолационистичка Америка. Надвор од куполата, во постамериканскиот свет, иднината стои на располагање.

Карл Билд е поранешен премиер и министер за надворешни работи на Шведска.

Превод: Н. Цветковска


Преземено од Фронтлајн.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ