Здружението на новинари на Албанија испрати до Уставниот суд барање да се прогласи за неуставна одлуката на албанската влада за затворање на совијалната мрежа ТикТок, јавуваат албанските медиуми.
Од Здружението велат дека легитимирањето на таквата одлука би довело до опасен преседан кој потоа би можел да го отвори патот за затворање на други социјални мрежи или дури и конечно затворање на Интернетот во Албанија.
„Не можете да одите на целосна цензура и затворање социјални мрежи. Ова ја нарушува слободата на изразување и економското право на албанските граѓани. Уверени сме дека членовите на Уставниот суд нема да го легитимизираат бидејќи тоа ќе создаде преседан што може да доведе до затворање на други социјални мрежи, или затворање на интернетот од оваа влада или други влади кои ќе дојдат потоа“, рече шефот на Здружението на новинарите на Албанија.
Д. Т.