• Latest

Зелен форум со Кулебанова и Дерала на темата „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“

October 13, 2023

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен форум со Кулебанова и Дерала на темата „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“

October 13, 2023 13:11
in ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) продолжува со серијата панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, на кој денеска учесници се Габриела Кулебанова, претставник од бизнис секторот и  Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, постои ли политички консензус околу зелените прашања, се отворени теми и прашања на кои  говорат учесниците на панелот.

Како зелена економија, тоа е еден многу чест израз којшто веќе е сеопфатен во сите излагања на политичките партии, општеството, граѓаните, меѓутоа, за да разбереме каде сме ние како општество, треба да се потсетиме од каде се ова потекнува, посочува Кулебанова.

Таа ги објасни почетоците на зелената економија, како и следните чекори на развивањето на државите во тој правец.

„Зелената економија е резултат на едно истражување, и прв пат се појавува во 1989 година, кое е изработено во редовите на една група британски економисти, во Лондонскиот центар за еколошко одржлива економија и развој. Оттаму, понатака сето тоа се развива и оди во насоки на развојните цели на сите општества, особено за време на економската криза во 2008 година, таа добива нова афирмација, и во 2020 година на Конференцијата на ОН за одржлив развој, се посветува поголемо внимание, каде што се напишани целите кон кои би се стремеле сите држави.“, вели Кулебанова.

Кулебанова предочи за тоа каде се наоѓаме ние како држава и општество во светската слика на остварување на зелените цели.

„Меѓутоа, ние овде спаѓаме во делот на помалку развиените држави, затоа што сепак, за остварување на овие цели, за одржлив зелен развој, има предности коишто имаат цена на чинење. За нивно крајно остварување. Таму има и еден дел каде што има шест приоритетни подрачја за помалку развиените земји.  Тука, како центар на зелената економија, се става акцент на управување со отпадните води, одржливост и почист транспорт, зелено градење, обновливи извори на енергија, користење со управување на водите, и селекција на отпадот. Таму е фокусирано дека ние спаѓаме во оној дел на преземање мерки за зелената економија, и таму треба да ни биде фокусот“, посочува таа.

„Ние како држава сме далеку од овие остварувања на цели, исто така, во последните години правиме доста напори. Ќе истакнам дека ние како општество, и како граѓани, мислам дека сето ова треба да се потегне од едни регионални центри, односно,  да се потегне од секој граѓанин, но главно од општините. Имаме примери за преземање на такви мерки, но, гледам дека се уште сме заглавени на прочистување на водите, со прочистителните станици, а имаме доста работа во тој дел. Ние како држава ,сме зелена држава, треба да работиме на одржување на она што веќе го имаме, порача Кулебанова.

Се разбира дека е реална зелената агенда, дури и да не е реална, мора да се оствари таа зелена агенда за земјава, за да можеме понатаму да опстанеме како население, вели Дерала, како одговор на прашањето дали Македонската зелена агенда е реалност или тешко остварлива цел.

„Бидејќи ние сме дел од тој глобален свет, би рекол дека таа зелена агенда, ако зборуваме за владината зелена агенда, може дури и да се проширува, и да добие нови компоненти. Меѓутоа, колку една агенда е реална, исто така зависи и од околностите во кои се наоѓа една држава. Ние се наоѓаме во подрачје во кое зелената култура е на многу ниско ниво, за среќа, можеме да кажеме дека има политичка волја, меѓутоа, остварувањето на политичката волја и остварувањето на агендите, секогаш зависи од тоа колку луѓето се вешти, и колку луѓето навистина се спремни да ги спроведат плановите, без да мислат на своите банкарски сметки.“

Дерала се осврна на проблемите со зелената агенда, на светско ниво, и ги посочи и актуелните воени состојби и безбедноста во светот, како удар за оваа агенда.

„Исто така, зелената агенда може да има големи проблеми, не само македонската, туку која било зелена агенда во светот, заради жестоките воени судири, пред се во Украина, а сега гледаме и со новата војна на Блискиот Исток, секоја зелена агенда, колку и да е богата државата, секогаш ќе трпи удар, поради ваквите состојби во светот. Безбедноста секако дека е фактор, кој не смее да се занемари. И државната, и регионалната и свеската безбедност се фактори кои влијаат на тоа дали една зелена агенда може, или не може да се оствари, или во кој размер ќе се оствари.“

Тој ја посочи и интеграцијата во ЕУ како итност за нашата земја, бидејќи, меѓу другото, во контекстот на зелената агенда, европските фондови би биле од клучно значење за одржливиот развој и зелената економија на земјата.

„Во таа смисла, зелената агенда е реална, и реалистична, и таа треба да се оствари, меѓутоа, не може да се оствари во целост, сигурно, и заради објективните причини. Се разбира, и заради недоволните ресурси во самата земја, како човечки, така и финансиски.

Што се однесува до Европските фондови, затоа ни треба што поскора интеграција, бидејќи таму не се штеди  на зелената агенда. Меѓу другото, зелената агенда е и фактор на стабилност, и фактор на безбедност на една држава, а во случајов, и на целата Европска унија.“, порача Дерала

 

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ