Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска, вторник, 23 август ќе го отвори Вториот онлајн самит на Кримската платформа на кој годинава ќе учествуваат повеќе од педесет претставници на странски земји.
Самитот е предвидено да почне во 13:00 часот, а покрај државно-владиниот врв на Украина, претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмигал, претседателот на тамошниот Парламент, Руслан Стефанчук, на Самитот ќе се обрати и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Меѓу учесниците се и претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и како претставници на Меџлисот на кримските Татари и од други држави од светот.
Преносот ќе се одржи на веб-страницата https://crimea-platform.org како и на Фејсбук профилот facebook.com/crimeaplatform и ЈуТјуб cutt.ly/qXIS9RE каналот на кримската платформата на украински, англиски и знаковни јазици.
Не се потребни дополнителни медиумски акредитации и регистрација на веб-страници. Придружете ни се и следете ги нашите социјални мрежи.
Кримската платформа е нов формат за меѓународни консултации и координација, формиран за да се развие иницијативата што ја предложи претседателот на Украина и има за цел да ја подобри ефикасноста на меѓународниот одговор на тековната окупација на Крим, да одговори на растечките безбедносни закани, да го зголеми меѓународниот притисок врз Кремљ, спречување на понатамошно кршење на правата и заштита на жртвите на окупацискиот режим, како и постигнување на главната цел – деокупација на Крим и негово враќање во Украина.
М.Д.