Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посети неодамна ослободениот град Изиум во областа Харков, изјави прес секретарот на претседателот, Серхи Никифоров за Укринформ .
Според портпаролот, додека бил во Изиум, Зеленски „учествувал на церемонијата на подигнување на украинското национално знаме и им честитал на ослободителите“.
Во исто време, 25-та одделна воздушно – десантна бригада Сичеслав на Фејсбук напиша дека на претседателот на прославите по повод веењето на украинското знаме во Изиум му се придружиле заменик-министерката за одбрана Хана Малиар, командантите на армијата и другите сили чии единици учествувале во ослободување на градот од руските агресори.
„Настанот започна со почит на присутните со моментот на молчење на споменот на загинатите бранители пред претседателот на Украина да им се заблагодари на војниците за ослободувањето на украинските земји и свечено да го подигне украинското знаме над градскиот совет! Изиум е Украина! напиша бригадната прес-служба.
Подготви: Д.Мишев