• Latest
Фото: president.gov.ua

Зеленски: И покрај тоа што Русија има сè помалку модерни ракети, потребата на Украина од противракетни системи останува

June 15, 2022
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Да гласаме достоинствено, со мир и одговорност

October 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: И покрај тоа што Русија има сè помалку модерни ракети, потребата на Украина од противракетни системи останува

June 15, 2022 08:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: president.gov.ua

Фото: president.gov.ua

Share on FacebookShare on Twitter

Постојано им кажуваме на нашите партнери дека на Украина и треба модерно противракетно оружје. Нашата земја сè уште го нема на доволно ниво, но на нашата земја во Европа во моментов најмногу и треба такво оружје.
Доцнењето со неговото обезбедување не може да се оправда. Постојано ќе го потенцирам ова кога разговарам со нашите партнери. Првите барања за противракетни системи ги направивме многу пред целосната инвазија.
И оваа недела ќе има многу различни важни разговори – и тоа не само со европските политичари кои се способни да и обезбедат на Украина модерни противракетни системи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање во вторникот навечер.

Зеленски, исто така, нагласи дека украинските единици за противвоздушна одбрана успеале да ги „пресечат крилјата“ на руските ракети на 14 јуни.

„Некои од проектилите истрелани од окупаторите кон нашите градови беа соборени. И ова се спасени животи. Ова е спасена инфраструктура. Но, успеавме да собориме само дел од нив. За жал, има жртви, има уништување. Денеска беа погодени регионите на Лавов и Тернопил. И ние постојано им кажуваме на нашите партнери дека на Украина и треба модерно противракетно оружје. Доцнењето со неговото обезбедување не може да се оправда. Постојано ќе го потенцирам ова кога разговарам со нашите партнери.“, рече Зеленски.

Дополнително, Зеленски рече дека Украина ги направила првите барања за противракетни системи долго пред целосната инвазија, а оваа недела ќе има многу различни важни разговори, и тоа не само со европските политичари кои се способни да и обезбедат на Украина современи анти -ракетни системи.

„Иако Русија има се помалку и помалку модерни ракети секој изминат ден, потребата на Украина за такви системи останува. Бидејќи Русија сè уште има доволно советски типови ракети, кои се уште поопасни. Тие се многу пати помалку прецизни и затоа ги загрозуваат цивилните објекти и обичните станбени згради многу повеќе“, рече Зеленски.

Зеленски имформира дека разговарал со премиерот на Канада Џастин Трудо, и секако, тема број еден била поддршката во одбраната. Канада е меѓу лидерите во тоа. Изразил благодарност за фактот што Канада стана првата земја што префрли специјална помош на украинската сметка во ММФ – околу 800 милиони долари.

Исто така, Зеленски соопшти дека имал разговор и со претседателот на Еквадор, на кого му честитал за изборот на Еквадор за член на Советот за безбедност на ОН. Го информирал за моменталната ситуација на бојното поле и повикал на зголемен притисок врз Русија да ја прекине оваа војна. И овој разговор со претседателот на Еквадор и вчерашниот разговор со претседателот на Гватемала се само почеток на новата политика за обновување на односите со Латинска Америка.

Зеленски побарал од врховниот командант на вооружените сили на Украина да биде многу внимателен во извештаите во медиумите и на социјалните мрежи дека некои од нашите борци немаат доволно лична заштитна опрема.

Извештаите што ги добивам се значително различни од она што го дискутира општеството. И очекувам инспекции на логистика во армијата – проверки што се снабдува и како се дели личната заштитна опрема. Денес, секој во областите на воените дејствија мора да има се што е потребно за да се заштити. Државата обезбедува такви залихи, истакна Зеленски.

Тој нагласи дека во текот на изминатиот ден не се случија драстични промени во битката во Донбас. Најжестоки борби се во Северодонецк и во сите градови и заедници во близина – како и досега. Загубите, за жал, се болни. Но, мора да се одржиме. Ова е нашата држава. Од витално значење е да се одржиме таму, во Донбас. Колку повеќе загуби непријателот претрпи таму, толку помала моќ ќе имаат да ја продолжат агресијата. Затоа, насоката во Донбас е клучна за да се одреди кој ќе доминира во наредните недели.

Болни загуби имаме и во регионот Харков, каде руската армија се обидува да ја зајакне својата позиција. Битките за оваа насока продолжуваат, а ние сè уште треба да се бориме напорно за целосна безбедност на Харков и регионот, рече Зеленски. Продолжуваме да вршиме притисок врз окупаторите на југ. Клучната цел е ослободувањето на Херсон и кон тоа ќе се движиме чекор по чекор.

Исто така, Зеленски потпишал уште еден декрет за награди на оние кои се истакнаа во битките. Наградени се 63 војници за храброст и ефикасност во одбраната на државата, со ова вкупниот број на наградени е веќе 18.453. И таквите размери, толкав број подвизи целосно го демонстрираат нивото на конфронтација и бруталноста на непријателствата.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ