„Денес конечно успеавме да започнеме со евакуација на луѓето од „Азовстал“. По повеќенеделни преговори, по многу обиди, разни средби, луѓе, повици, земји, предлози. Конечно! Немаше ден да не се обидеме да најдеме решение кое ќе го спаси нашиот народ“, изјави Воломир Зеленски, претседател на Украина.
„Денес за прв пат во сите денови од војната почна да работи овој витален коридор. За прв пат во областа имаше два дена прекин на огнот. Успеавме да извадиме повеќе од стотина цивили – пред се жени, деца. Кои избегаа од воените дејствија таму. Токму во „Азовстал“.
Со оглед на сета сложеност на процесот, првите евакуирани ќе пристигнат во Запорижја утре наутро. Дај Боже сето ова да не пропадне! Таму ќе ги пречека нашиот тим. Се надевам дека утре ќе бидат исполнети сите потребни услови за да продолжиме да евакуираме луѓе од Мариупол. Планираме да започнеме во осум часот наутро“, посочи Зеленски.
Украинскиот претседател се заблагодари на сите што учествуваа во подгтовка и спроведување на хуманитарниот коридор, украинската разузнавачка служба и на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
„Ќе продолжиме да правиме се за да ги евакуираме нашите луѓе од „Азовстал“, воопшто од Мариупол. Организирањето на вакви хуманитарни коридори е еден од елементите на тековниот преговарачки процес. Тој е многу сложен. Но, колку и да беше тешко, повеќе од 350.000 луѓе беа спасени од регионите на воени дејствија“, додаде тој.
Зеленски извести и за разговорот со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која заедно со делегација на Конгресот го посети Кијив.
„Со г-ѓа Пелоси имавме четири часа многу суштински преговори, како што се вели повеќеслојни. Конкретно, за набавките на одбраната, макрофинансиската помош, политиката на санкции, политичката соработка со САД“, вели Зеленски.
„Разговаравме за тоа како можеме да ги зајакнеме санкциите против Русија на начин што најефективно ќе ја охрабри да стави крај на војната и да ја ограничи способноста на Русија да ги заобиколи постоечките и идните санкции. Ја почувствував поддршката на нашите иницијативи.
За нејзиниот значаен личен придонес во зајакнувањето на нашата соработка и искреното учество во одбраната на слободата На г-ѓа Пелоси ѝ доделив „Орден на принцезата Олга““, рече Зеленски.
Зеленски се осврна и продолжените напади на Русија, велејќи дека ако има некоја стратешка цел РУсија, тој не ја знае.
„Кој би можел да биде стратешкиот успех на Русија во оваа војна? Искрено – не знам. Уништените животи на луѓето и изгорениот или украден имот на Русија нема ѝ да дадат ништо. Само ќе ја зголеми токсичноста на руската држава и бројот на оние во светот кои ќе работат на изолација на Русија“, смета Зеленски.
„За само 67 дена од војна од големи размери, веќе 143 наши воени лица веќе ја добија титулата Херој на Украина. Повеќе од 10.600 бранители се наградени со државни награди на Украина“, заклучи укранискиот претседател.