• Latest

Зеленски: Многу лидери го осудија рускиот терор – важно е оваа осуда да доведе до правични последици

May 27, 2024

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Многу лидери го осудија рускиот терор – важно е оваа осуда да доведе до правични последици

May 27, 2024 07:53
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето редовно вечерно видео обраќање, во неделата навечер, заблагодари за изразите на сочувство и поддршка за грозоморниот акт на рускиот ракетен терор во Харкив, но побара тие изрази да се претворат и во реална помош, да ѝ се обезбедат средства за одбрана и за уништување на базите од кои тие напади се извршуваат.

„Денеска цел ден се расчистуваат урнатините на местото на рускиот ракетен напад на хипермаркет во Харков, бидејќи зградата изгоре до темел. Засега се пријавени четиринаесет мртви. Моето сочувство до сите семејства и пријатели. Бројот на загинати може да биде поголем бидејќи по пожарот се потребни дополнителни испитувања и дополнителна работа за да се обезбедат целосни информации за загинатите. Бројот на повредени е над четириесет. На сите им се обезбедува потребната помош,“ рече претседателот Зеленски.

Тој истакна дека неговата земја очекува од зборови да се премине на дела, да се овозможи превентивна заштита од руските терористи.

„Многу лидери, претставници на држави и меѓународни организации, јавни личности изразија сочувство до Украина и Харков и го осудија рускиот терор. Важно е оваа осуда да доведе до целосно правични последици. Конечно да добиеме доволен број системи за противвоздушна одбрана за заштита на Украина и нашите градови. И дека нашите партнери имаат доволно решеност за превентивна заштита од руските терористи, исто како што би ги нападнале сите други терористи – уништувајќи ги пред да почнат да одземаат животи,“ побара Зеленски.

Украинскиот претседател открива дека на украинската одбрана ѝ се познати точките на концентрација на руските трупи, ракети и авиони. Тој побара да се донесе политичка одлука – да се овозможи уништување на силите на теророт и да се сопре ескалација на војната.

„Ја гледаме секоја точка на концентрација на руските трупи. Ги знаеме сите области каде се лансираат руски ракети и борбени авиони. Уништувањето на оваа терористичка сила – и со тоа спасувањето на илјадници животи и гарантирањето дека проширувањето на војната ќе биде запрено – е чисто политичка одлука. Одлука што треба да се донесе,“ изјави претседателот Зеленски, меѓу другото.

Во текот на вчерашниот ден, 26 мај, во светот беше актуелно и обраќањето на украинскиот претседател до лидерите во светот, да земат учество во Самитот за мир кој ќе се одржи во Швајцарија на 15 и 16 јуни. Досега, високи претставници на повеќе од 80 земји во светот го потврдија своето учество.

Џ. Д.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ