• Latest

Зеленски: Ние немаме друг избор – се решава судбината на нашата земја и нашиот народ, знаеме за што се бориме

April 6, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Ние немаме друг избор – се решава судбината на нашата земја и нашиот народ, знаеме за што се бориме

Советот за безбедност на ОН постои, а безбедноста во светот не постои. За било кој. Ова дефинитивно значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А само една држава е виновна за ова – Русија, која ги дискредитира ОН и сите други меѓународни институции каде што сè уште учествува

April 6, 2022 09:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Свесни сме дека окупаторите се побројни од нас. Дека имаат повеќе опрема. Но, ние немаме друг избор – се решава судбината на нашата земја и нашиот народ. Знаеме за што се бориме. И правиме се за да победиме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

Учествувајќи во меѓународните институции, Русија се обидува да блокира се што е конструктивно, да шири лаги и да го оправда злото што го прави, констатира Зеленски.

„Советот за безбедност на ОН постои, а безбедноста во светот не постои. За било кој. Ова дефинитивно значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А само една држава е виновна за ова – Русија, која ги дискредитира ОН и сите други меѓународни институции каде што сè уште учествува“, рече Зеленски.

Според неговите зборови, Русија се обидува да блокира се што е конструктивно и да користи глобална архитектура за да шири лаги и да го оправда злото што го прави.

Во продолжение целото обраќање на Зеленски:

Украинци! Украинки! Денес нема да ви одземам многу од вниманието. Денот беше многу информативен. Само накратко ќе ги поминам главните точки на мојата работа овој вторник, 41-от ден од инвазијата на Руската Федерација, го започна Зеленски своето обраќање.

Ја продолжив својата активна дипломатска работа. Се обратив пред Советот за безбедност на ОН, кој се собра на специјален состанок за воените злосторства на Русија во Буча и воопшто на окупираните територии на Украина. Го кажав она што одамна требаше да се каже во овој формат.

Советот за безбедност на ОН постои, а безбедност во светот не постои. За никој. Тоа значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А за ова е виновна само една држава – Русија која ги дискредитира и ОН и сите други меѓународни институции во чија работа сè уште учествува, посочува Зеленски.

Па, како учествува… Се обидува да блокира се што е конструктивно и да користи глобална архитектура за да шири лаги и да го оправда злото што го прави, констатира украинскиот претседател.

Сигурен сум дека светот го гледа тоа. Се надевам дека светот ќе донесе заклучоци. Затоа што ако не ги донесе, ќе остане само една институција во светот која ќе ја гарантира безбедноста на државите. Имено – оружјето.

Им предложив на членките на Советот за безбедност на ОН и на сите други држави кои го почитуваат меѓународното право, конкретни работи кои можат да ја променат ситуацијата. Вклучително, организирање на глобална конференција во мирниот Кијив за да се утврди како може да се реформира светската архитектура, со оглед на сето она што го прави Русија, која сè уште го зазема седиштето на постојана членка на Советот за безбедност на ОН, кое го доби од Советскиот Сојуз.

Исто така се обратив и пред Парламентот и народот на Шпанија. Држава која ја поддржува нашата борба за слобода и за зачувување на демократијата во Европа.

Денес разговарав и со Претседателот на Француската Република Емануел Макрон за хуманитарната ситуација во привремено окупираните региони на Украина. За тоа како може сега да им се помогне на луѓето во блокираниот Мариупол. Исто така договорено е Франција да ја обезбеди потребната техничка и стручна поддршка во истрагата за злосторствата на руските окупатори во Буча и во другите градови на нашата земја.

Подготвуваме нов пакет моќни санкции против Русија за сето она што таа го направи против нашиот народ.

Сега е клучен момент, особено за западните лидери. И тука веќе не се работи за тоа како нашите ќе ги оценуваат новите санкции и што ќе кажам за нив јас. Ова се однесува на тоа како ќе се оценуваат одлуките за санкции во самите западни општества. По она што светот го виде во Буча, санкциите против Русија мора да бидат сразмерни на тежината на воените злосторства на окупаторите. Ако после тоа руските банки сè уште ќе можат да функционираат како и обично… Ако после тоа транзитот на стоки во Русија продолжи како и обично… Ако после тоа земјите од ЕУ ќе и платат енергија на Русија како и обично… Тогаш политичката судбина на некои лидери веќе ќе се развива не како и обично. На сите им советувам сега да почувствуваат дека моментот е навистина важен.

Во блиска иднина во Кијив се подготвуваме да ги примиме Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Заедничката работа во Кијив е нешто што ќе биде позитивно оценето од многу народи во светот. И не само во Европа. Затоа што сега Кијив е престолнина на глобалната демократија, престолнина на борбата за слобода за сите на европскиот континент.

И сакам да им се заблагодарам на сите наши бранители, на сите наши бранителки што го овозможија ова. За фактот дека Вооружените Сили на Украина ги држат повеќето области во кои непријателот се обиде да влезе во земјата.

Најтешко, како и претходните денови, во Донбас, во насока на Харкив. Но, ние продолжуваме да правиме се за да се осигураме дека нашите бранители, нашите бранителки, имаат со што да ги запрат руските трупи.

Свесни сме дека окупаторите се побројни. Дека имаат повеќе техника. Знаеме за обиди на руските раководители да регрутираат нови будали низ Русија од кадети во воени училишта, луѓе со борбено искуство и регрути зада ги испратат сите на колење во уште една офанзива.

Но, ние немаме друг избор – се решава судбината на нашата земја и нашиот народ. Знаеме за што се бориме. И правиме се за да победиме.

Денес во палатата Марински им ги врачив ордените „Златна ѕвезда“ на воените лица на Вооружените Сили на Украина, на кои им беше доделена титулата Херој на Украина и на членовите на семејствата на војниците на кои постхумно им беше доделена оваа титула.

Сега токму во палатата Марински, во Белата сала, каде што секогаш примаме странски шефови на држави, ќе се одржуваат вакви важни церемонии. Секој пат ќе демонстрираме дека нашите бранители и бранителки заслужуваат почит и чест на највисоко ниво.

А Белата сала на палатата Марински отсега ќе се нарекува Белата сала на Хероите на Украина. Исто така, го предадов Орденот за храброст на семејството на починатиот фоторепортер Макс Левин, кој жестоко беше убиен од окупаторите во Кијивската област. Во текот на својот живот тој даде значаен придонес за сите да видиме и да знаеме што се случува во нашата земја.

Веќе традиционално, пред да го снимам вечерното обраќање, потпишав укази за доделување на државни награди на нашите војници. На 292 воени лица, од кои 57 постхумно.

Вечен спомен на сите што ги дадоа животите за Украина!Вечна благодарност до секој наш бранител, до секоја наша бранителка!Сè за победа. Сè за мирот. Сè за Украина, повика Зеленски на крајот од своето обраќање. Слава на Украина!

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ