Прашање на време е кога ќе биде ослободена целата територија на украинската држава, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.
Ќе се браниме. Ќе се бориме. Нема да се откажеме од ништо украинско и не ни треба она што не е наше. И јас сум им благодарен на сите наши борци, на сите наши херојски градови во Донбас, на Мариупол, а исто така и на градовите од регионот Харков кои се држат, ја бранат судбината на целата држава, одбивајќи ги силите на напаѓачите. Рубижне, Попасна, Золоте, Лисичанск, Северодонецк, Краматорск и сите други кои биле со Украина сите овие години и засекогаш, изјави Зеленски во обраќањето на 54 ден од борбата со руските агресори.
Украинци! Нашите бранители! Завршува 54-от ден од нашата одбрана од руската инвазија. Руската армија не ја забавува употребата на ракети против Украина. Иако требаше да сфати дека ќе и биде исклучително тешко да го врати ракетниот арсенал со оглед на веќе воведените санкции. Без увоз ни тоа не можат. И кога ќе се затворат сите дупки што се користат за заобиколување на санкциите и кога ќе се воведат уште построги санкции, враќањето на ракетните способности на Русија ќе биде нереално. Односно, руските ракетни напади водат само до едно – ракетна самодемилитаризација на Руската Федерација, го започна Зеленски своето обраќање.
Зеленски посочи дека сличен процес се одвива и со други руски оружја. Производството на нова артилерија, авиони, нови хеликоптери и крстосувачи под санкции ќе биде застрашувачка задача за Русија. Ниту еден од ракетните напади не ја промени опипливо ситуацијата за Русија. И ако се оценат сите заедно, заклучокот ќе биде – ова е стратешка глупост.
Денешните удари во Лавов, во регионот Днепропетровск и сите други руски удари значат само едно: ние, светот и историјата ќе ѝ одземе на Русија многу повеќе отколку што руските ракети ќе и одземат на Украина. Секој изгубен живот е аргумент за Украинците и другите слободни нации Русија да ја доживуваат исклучиво како закана генерација по генерација. И секоја инфраструктура може да се обнови. И ние дефинитивно ќе го направиме тоа, рече Зеленски.
Зеленски истакна дека на истокот и на југот од нашата земја, окупаторите неодамна се обидуваат да нападнат малку попромислено од порано. Прават притисок, бараат слаба точка во одбраната на нашата држава да одат таму со главните сили… Според него, очигледно е дека руските генерали, навикнати да занемаруваат какви било загуби, веќе убија толку многу руски војници што дури и тие мора да бидат повнимателни, бидејќи нема да има кој да нападне.
Сепак, тие не треба да се надеваат дека тоа ќе им помогне. Прашање на време е кога ќе биде ослободена целата територија на нашата држава. Сега може да се констатира дека руските војници ја започнале битката за Донбас, за која се подготвувале долго време. Многу голем дел од целата руска армија сега е фокусирана на оваа офанзива, рече Зеленски.
Тој потенцираше дека колку и да се носат руски војници таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме. Ќе го правиме тоа секојдневно. Нема да се откажеме од ништо украинско и не ни треба она што не е наше.
И јас сум им благодарен на сите наши борци, на сите наши херојски градови во Донбас, на Мариупол, а исто така и на градовите од регионот Харков кои се држат, ја бранат судбината на целата држава, одбивајќи ги силите на напаѓачите. Рубижне, Попасна, Золоте, Лисичанск, Северодонецк, Краматорск и сите други кои биле со Украина сите овие години и засекогаш, рече Зеленски.
Зеленски информираше дека зборувал со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа, кого го информирал за состојбата во борбените зони и особено за ситуацијата во Мариупол. Истакна дека ги координираат активностите за да ја зголемат одговорноста на Русија за војната.
Украинскиот претседател исто така истакна дека разговарал и со премиерите на Бугарија и Хрватска, за заканите создадени од Русија за слободната пловидба во Црното Море, за заедничката соработка на ниво на ЕУ, за ефикасната поддршка за Украина и за развој на решенија за враќање на мирот.
Денеска одржав важен состанок за повоената обнова и развој на Украина. Треба да разработиме сè во детали веќе сега за да бидеме целосно подготвени кога војната ќе заврши, рече Зеленски. Развиваме сеопфатен план кој предвидува реконструкција на уништеното, модернизација на државните структури и максимално забрзување на развојот на Украина. Не се работи само за обемот на физичка работа – да се градат станови, да се обноват бизнисите, да се привлечат нови бизниси кои ќе работат на обнова на инфраструктурата и обновување на економските односи во нашата земја. Станува збор и за преиспитување како ќе се развива нашата земја во иднина. Кои индустрии можат да бидат основа на растот по војната. Кои решенија и ресурси се потребни за да се зголеми нивото на преработка во Украина и да се запре продажбата на суровини, како што беше порано. Кои градови ќе станат локомотиви на економски и технолошки раст, повлекувајќи ги околните области.
Според Зеленски, ако внимателно се слушаат сите дискусии што се водат во Украина на различни нивоа за повоената обнова – главната тема во нив е всушност парите. Каков финансиски пакет е потребен за закрепнување од војната? прашша Зеленски и нагласи дека парите не се основа за развој на државата. Идеи, луѓе – тоа е основата. И кога има идеи, кога има наши луѓе, почнуваш да гледаш за што се потребни пари и во колкава сума.
Треба да имаме јасна визија за оваа или онаа гранка на нашата економија, насоката на развој што ја очекуваме од овој или оној град, придобивките што оваа или онаа институција може да ги донесе на државата како целина., истакна Зеленски. Се разбира, за малите и средни бизниси мора да обезбедиме најудобна и најслободна средина. Во однос на даноците и административните односи. Се разбира, дигитализацијата е врвен приоритет. Безбедноста е исто така врвен приоритет за нас. Одбранбениот потенцијал мора да биде на ново ниво. Се разбира, судските, антикорупциските и другите важни реформи треба да се реализираат.
Тој посочи дека за сето ова мора да се работи за конкретна визија за тоа каква ќе биде Украина. Како ќе биде една година по војната, 5 години по војната, 10, 20 години после. Што точно ќе биде важно заукраинскиот народ. Што точно ќе биде важно за глобалниот бизнис. Колку работни места и во кои индустрии ќе им бидат достапни на Украинците.
Зеленски истакна дека пристапувањето на Украина во Европската унија е составен дел на оваа стратешка визија. И во овој контекст, што денеска беше историски настан – Украина поминува низ една од фазите пред влезот во ЕУ, даде одговори на прашалникот добиен од Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и Жозеп Борел, шеф на европската дипломатија.
Секоја земја што влезе во Европската унија помина низ истата процедура со прашалникот. Единствената разлика е што им требаа години, а ние го завршивме за нешто повеќе од една недела. Вториот дел од одговорите ќе го дадеме наскоро. И се надеваме дека одлуката на Европа како одговор ќе биде брза, рече претседателот. Статусот на кандидат за членство во Европската унија ќе ни отвори невидени можности во нашата историја за обнова и модернизација на Украина.
Зеленски кажа дека се преговара со земји на билатерално ниво и со меѓународни финансиски институции за поддршка на програмата за обнова на Украина.
Се разбира, ќе го вклучиме глобалниот бизнис што е можно повеќе. Но, ние сме првенствено заинтересирани за создавање работни места и додадена вредност во Украина. Затоа, локализацијата ќе продолжи да биде важен процес за нас.
Тој информирање дека вечерта потпишал традиционален указ за доделување на нашите херои. На 192 војници на вооружените сили на Украина им се доделени државни награди, од кои 24 постхумно.
Вечен спомен на сите загинати за Украина! Вечна слава на секој наш бранител! рече Зеленски на крајот од своето обраќање. Слава на Украина!
Подготви: Д.Мишев