Украинскиот претседател Зеленски предупредува дека „слабата“ реакција НАТО ќе биде делумно одговорна за смртните случаи бидејќи не воведува зона за забранети летови, пренесува Скај Њуз.
Во силно формулиран, емотивен говор, претседателот му рече на Алијансата: „Од денес секој што ќе умре ќе умре и поради вас, поради вашата слабост, поради вашето неединство“.
Зеленски, исто така, тврди дека отсуството на зона за забранети летови ефективно „даде зелено светло за бомбардирање на украинските градови и села“.
НАТО се соочи со нови повици за воведување зона на забранети летови откако руските трупи започнаа „опасен“ напад на најголемата европска нуклеарна централа – но лидерите ја отфрлија можноста за воведување на такви мерки на самитот во петокот.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, стравува дека тоа ќе го зголеми ризикот од поширока војна во Европа бидејќи авионите на НАТО ќе мора да соборат руски авиони.
И во второто видео објавено утрово, г-дин Зеленскиј го повтори својот повик за зона на забранети летови и тврди дека 74 отсто од Американците ја поддржуваат идејата.
Д.М.