Руско-украинската војна е најлошата војна во Европа од Втората светска војна, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, заедно со серија фотографии, на кои се прикажани уништените куќи, цивили кои се кријат од гранатирање во засолништа за бомби.
„Ние се бориме за опстанок против една од најголемите армии во светот. Против проектили, бомби и ракетна артилерија. Против окупаторите кои пукаат во бегалци по патиштата. Кои убиваат обични цивили, создаваат вештачки глад за цели градови, палат станбени области. Ова е најлошата војна во Европа од Втората светска војна“, напиша Зеленски.
Претседателот на Украина објави и серија фотографии, на кои се прикажани уништените куќи, цивили кои се кријат од гранатирање во засолништа за бомби или евакуирани од нивните родни градови, како и украинските спасувачи кои ги ликвидираат последиците од руските напади.
Д.Мишев