Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е убеден дека руската пресметка дека ќе успеат оваа зима да ја фрлат на колена Европа, или Украина или други поединечни земји, на крајот ќе пропадне, се осврна тој на ова прашање во своето синоќешно видео обраќање до нацијата.
„Ако некој во Русија мисли дека ќе ја клекне Европа како целина или Украина или други поединечни земји оваа зима, ова е погрешна пресметка. Верувам дека Европа е доволно силна да ги исправи грешките од минатото, да стане независна од рускиот енергетски систем, од руската енергија и да не попушти пред уцените на енергетските терористи од Газпром“, изјави Зеленски.
Во исто време, тој призна дека моменталната состојба е многу опасна и акутна. Но, повеќето европски земји одговорно пристапија кон енергетските прашања, правејќи се за да се прилагодат и заштитат.
„Патем, поради уцена од руски гас, цените на гасот во Европа денес веќе го надминаа нивото од 3.300 долари за 1.000 кубни метри. И оваа руска антиевропска политика е навистина деструктивна, но од стратешка перспектива – за самата Русија. Повеќе нема да има играч на европскиот енергетски пазар како Русија“, додаде претседателот.
Зеленски рече дека Украина тесно ги координира своите акции со партнерите за енергетски прашања. Владата и државните компании прават се за земјата да биде подготвена да ја помине оваа зимска сезона бидејќи навистина ќе биде најтешката во нејзината историја.
Подготви: Д.Мишев