Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното видео обраќање изјави дека бил на работно патување во регионите Запорожје, Доњецк и Луганск, откако „нешто и донел“ на војската.
Имаше многу работа. Ден без крај. Бев во Запорожје, регионот Запорожје. Искажавме поддршка на нашата војска и ги наградивме најдобрите. Го слушнав извештајот. Бевме на позициите, изјави Зеленски.
Тој соопшти дека имал средба со раководителот на регионалната државна администрација, раководството на локалната полиција, Службата за безбедност и дел од градоначалниците на привремено окупираните градови.
Исто така, Зеленски се сретнал и со жителите на Мариупол, кои успеаја да го напуштат градот живи и со деца. Овде ги пречека Хортица, хумано и топло. Според него, условите кои ги видел се привремени, но не и лоши. Тој истакна дека ги разбрал нивните тешки прашања, за кои мисли дека ќе се најде решение..
Секое семејство има своја приказна. Повеќето беа без мажи. Нечиј сопруг отиде во војна, нечиј е во заробеништво, нечиј, за жал, почина. Трагедија. Нема дом, нема сакана личност. Но, ние мора да живееме за децата. Вистински херои – тие се меѓу нас, истакна Зеленски.
Претседателот информираше дека заедно со раководителот на Канцеларијата се упатиле кон исток.
Бевме во Лисичанск, бевме во Соледар. Горд сум на сите што ги запознав, со кои се ракував, со кои комуницирав, кои ги поддржував. Донесовме нешто во војската. Нема да зборувам за тоа во детали. Ви донесовме и нешто од нив. Тоа е важно. Донесовме самодоверба. И сила. Им посакувам здравје. Низок поклон пред нивните родители. На сите ни посакувам победа, истакна Зеленски.
Подготви: Д.Мишев