• Latest

Зеленски: Русија самата ќе се отстрани од преговорите доколку организира шоу судење на заробените украински бранители

August 22, 2022

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Русија самата ќе се отстрани од преговорите доколку организира шоу судење на заробените украински бранители

August 22, 2022 14:31
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да бидат можни преговори со Русија доколку таа организира ревијално судење на заробените украински бранители, изјави  украинскот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето во неделата навечер.

 

„Започнува 180-тиот ден од нашата одбрана и нова недела. Не можеа ни да замислат дека ниту сега, по шест месеци ваква брутална војна, ќе ја славиме нашата независност на нашата земја и во нашиот главен град. Но, тоа е така. Ова е наша земја. Ова е нашата независност, која никој не може да ја скрши и никој не може да ја одземе. И знаете дека е така. Сите во Украина го чувствуваат тоа. 180 дена – речиси шест месеци – апсолутното мнозинство од нашиот народ не се сомнева дека ќе ја постигнеме победата на Украина“ изјави Зеленски на почетокот од обраќањето.

Тој нагласува дека Украинците се обединети, и дека сега се посигурни отколку многу децении претходно.

„Една од главните цели на руските терористи е да  удираат по чувствата на Украинците, по раните во душите на нашиот народ, исто како и по нашите градови… Тие удираат сурово, цинично. Но, со друго оружје. И не само со пропаганда, не само со лаги. Измачувањето на луѓето, сите оние кои ги трпат најголемите болки, најголемите тешкотии, е едно од ужасните средства за притисок, што стана секојдневие за Русија“, вели Зеленски.

Издвојува дека има доволно информации во медиумите дека во Мариупол се подготвува сценографијата за, како што вели, апсолутно одвратно и апсурдно шоу судење на украинските бранители кои се заробеници на окупаторите.

„Што и да мислат окупаторите, што и да планираат, реакцијата на нашата држава ќе биде апсолутно јасна. Ако се случи ова одвратно шоу судење, ако нашите луѓе се доведат во оваа сценографија со кршење на сите договори, сите меѓународни правила, ако има злоупотреба… Ова ќе биде линијата по која се невозможни никакви преговори. Русија ќе се отсече од преговорите. Нема да има повеќе разговори. Нашата држава кажа се.

Тој соопшти дека сите партнери на Украина се информирани за што може терористичката држава да подготви оваа недела.

Претседателот информираше дека разговарал со претседателот Макрон за сите закани, и за сето ова информиран е и претседателот на Турција Ердоган.

Сигурен сум дека ќе реагира и генералниот секретар на ОН. Тие и другите светски лидери добија соодветни сигнали од нас. Секој разбира сè. Тие разбираат што прават окупаторите и што се заканува. И тие разбираат дека Украина нема да го толерира ова. Нема да толерира мачење на луѓе за кои може да се каже само едно: тие се херои на својата татковина, тие ја бранеа слободата на својот народ од освојувачите на нивната земја, потенцира Зеленски.

Тој нагласи дека дури и во време на војна, мора да има правила. Моќта на светот е дефинитивно доволна за да ја доведе секоја држава, кој било терорист под власта на овие правила.

Па, сите ние – сите Украинци – мора да запомниме една работа: без разлика на се, нашата цел е победа“, истакна Зеленски во обраќањето.

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ