Украинскиот претседател имаше тешки зборови за брзината со која САД одговорија на кризата на руската агресија во регионот, од неговиот таен бункер во Киев, пренесува Индипендент.
Володимир Зеленски во разговор за Фокс њуз во четвртокот ги упати некои од неговите најдиректни критики досега за администрацијата на Бајден дека не испратила помош порано додека неговата земја се обидува да се бори со руската инвазија.
„Можам да ви ја кажам вистината. Штета што( поддршката) започна по почетокот на оваа војна, но ние ја имаме. Мојата благодарност до него и до неговиот тим. Така што сега можеме често да зборуваме“, рече тој, мислејќи на претседателот Џо Бајден. .
Неговите коментари доаѓаат и покрај напорите на администрацијата на Бајден во текот на 2021 година и почетокот на 2022 година да и помогне на Украина; САД обезбедија „безбедносна помош“ во средината на 2021 година, за која во тоа време рече дека не била директна испорака на оружје, туку вклучувала „обука, опрема и советодавни напори“, вклучително и два патролни чамци за украинската морнарица.
Меѓутоа, во јануари таа помош се претвори во испорака на оружје кога САД даде зелено светло за трансферот на противоклопно оружје на војската на Украина од три сојузници на НАТО, Латвија, Естонија и Литванија.
Д.М.