• Latest

Зеленски: Светот мора да признае, сите си имаме работа со терористичка држава

March 11, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Светот мора да признае, сите си имаме работа со терористичка држава

March 11, 2022 12:05
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на во денешното обраќање изјави:

„Една од главните задачи за нас денес беше организацијата на хуманитарни коридори. Суми, Тростијанец, Краснопиља, Ирпин, Буча, Гостомел, Изјум. Речиси 40.000 наши луѓе се веќе евакуирани во текот на денешниот ден. Конечно се на безбедно во Полтава, Кијив, Черкаси, Запорожје, Днипро, Лавов. Успеавме исто така да испорачаме и хуманитарни камиони: стотици тони храна и лекови

Правиме се за да ги спасиме нашите луѓе во градовите кои непријателот само сака да ги уништи. Имајќи ја предвид работата на хуманитарните коридори во претходните два дена, веќе евакуиравме околу сто илјади луѓе.

Ама Мариупол и Волноваха остануваат целосно блокирани. Иако направивме се што е потребно за да функционира хуманитарниот коридор, руските војници не го прекинаа огнот.

И покрај ова, сепак решив да испратам конвој камиони во Мариупол. Со храна, вода, лекови. Благодарен сум им на сите возачи – храбри луѓе кои беа подготвени да ја исполнат оваа мисија. Исклучително важна мисија.

Но, окупаторите извршија тенковски напад токму таму каде што требаше да биде овој коридор. Коридор на животот за Мариупол.

Тие го направија тоа свесно. Тие знаеја дека го прекинуваат конвојот. Имаат јасна наредба да го држат Мариупол како заложник, да го исмеваат. Постојано да го бомбардираат, постојано да го гранатираат.

Тие денеска ја уништија зградата на главниот директорат на Државната служба за вонредни состојби во Доњецката област. Веднаш до оваа зграда беше местото каде што жителите на Мариупол требаше да се собираат за евакуација.

Ова е отворен терор. Груб терор. Од искусни терористи. Светот треба да го знае ова. Мора да го признае ова. Ние сите си имаме работа со терористичка држава.

Но, како и да е, ние ќе се трудиме! Постојано! Ќе продолжиме да се обидуваме да ја донесеме во Мариупол помошта на нашиот народ, која толку очајно му е потребна. На украинците и украинките.

Окупаторите прават се за да го измамат нашиот народ во опколените градови.

Ја блокираат комуникацијата. Не дозволуваат откривање на информации. Државата прави се за да му помогне на нашиот град.

Се, за да им кажеме на жителите на Мариупол: ние се бориме. И нема да ја напуштаме оваа борба.

Затоа, доколку имате можност да разговарате со жителите на Мариупол, да им пишете, ве молиме да им ја пренесете вистината. Потсетувајте ги дека Украина е со нив со сето срце. И прави се за да ја запре тортурата на градот.

Руските пропагандисти денес значително оживеаја. И се трудеа многу.

Веројатно за да ги прикријат злосторствата на нивната војска во Украина. Злосторства против Мариупол. Против Донбас. Против Харкив. Против десетици други градови. Да ги покријат со нови обвинувања. Со ново-стари лажни вести.

Тие не обвинуваат нас… Пак нас! Дека наводно развиваме биолошко оружје. Наводно подготвуваме хемиски напад.

Ова многу ме загрижува, бидејќи повеќе од еднаш дознававме: ако сакате да знаете за плановите на Русија, погледнете за што ги обвинува Русија другите.

Видете, расфрлањето на ваквите обвинувања во руските медиуми само по себе покажува дека тие се способни за тоа. Руската војска, руските специјални служби. Покажува што тие сакаат.

Тие веќе имаат направено такви работи во други земји. Исти такви работи! Самите најавија, самите организираа, самите се жалеа. И самите ќе направат пак.

Повторно и повторно. Доколку не бидат запрени.

Како ја растргнаа Молдавија со Придњестровје. Како Грузија беше растргната со Абхазија. Како Украина беше растргната со Донбас и нашиот Крим.

А не обвинуваат нас! Оние кои станаа жртви. Оние кои се принудени да се бранат. Да се борат за своето право на живот.

Тие самите доаѓаат кај нас со тенкови и со ракети. Го земаат туѓото. Нашето. Заземаат.

Дури и се срамат да ги покажат своите офицери! Ги кријат своите генерали. Кријат од сопствениот народ дека испраќаат регрути во оваа војна, само за инвазивните сили да можат да направат повеќе.

А ние сме виновни! Нас не обвинуваат за напади врз наводно мирната Русија.

И сега што? Кои се овие обвинувања за подготовка на хемиски напади? Дали решивте да ја „дехемиизирате“ Украина? Со што? Со амонијак? Фосфор? Што уште ни подготвивте? Каде ќе удирате со хемиско оружје?

Во породилиштето во Мариупол? Во црквата во Харкив? Во детската болница „Охматдет“? Или во лаборатории, од кои повеќето се останати уште од советско време и се занимаваат со обична наука. Обична! А не со воена технологија.

Ние сме адекватни луѓе. Јас сум Претседател на адекватна држава, адекватен народ. И татко на две деца. И никој во мојата земја не развива никакво хемиско или друго оружје за масовно уништување. И целиот свет го знае тоа. Вие го знаете тоа. И ако направите нешто такво против нас, ќе добиете најстрог санкционен одговор.

Претседателот Зеленски каша дека потпишал неколку важни укази, меѓу кои и за доделувањето на титулата Херој на Украина на тринаесет наши бранители:

Потполковникот Литун Андриј Миколајович. Постхумно. Тој загина покривајќи ги нашите војници и херојски одваќајќи ја офанзивата на непријателот.

Капетанот Корпан Олександр Богданович. Постхумно. Тој ги спаси нашите војници и цивилните домови кога одврати од нив авион што паѓаше.

Помладиот поручник Блоха Јуриј Игорович. Постхумно. Во битките во Миколајивската област херојски ги штител сограѓаните, спасувајќи ги нивните животи.

Постариот наредник Ивашко Андриј Олександрович. Постхумно. За време на ракетно гранатирање, тој по цена на својот живот лично даваше информации за дејствијата на непријателот.

Помладиот наредник Волков Евгениј Володимирович. Постхумно. За храброста и херојството при евакуацијата на ранетите во Доњецката област, за спасувањето на нашите војници.

Генерал-мајорот Николјук Виктор Дмитрович. Тој вешто ја водеше одбраната во североисточниот правец, благодарение на што успеа да го спречи заземањето на Чернигив.

Полковникот Хода Леонид Олексијович. За време на војната, под негова команда, беа уништени повеќе од 50 возила на непријателот.

Потполковникот Пономаренко Вјачеслав Анатолијович. Благодарение на неговите дејствија, значителен број опрема и војници на непријателот беа уништени во градот Гостомел.
Потполковникот Јаковенко Олександр Олексијович. Тој ги извлече своите единици од непријателскиот артилериски оган, благодарение на што го сочува персоналот и продолжи успешно да ја брани Доњецката област.
Мајорот Бова Евгениј Петрович. За херојска одбрана на Мариупол и држење позиции во постојаните напади на непријателот.

Капетанот Боечко Васил Василјович. За исклучително успешна елиминација на опремата и живата сила на непријателот.

Наредникот Мороз Олег Романович. Благодарение на неговите херојски дела, беше успешно запрена офанзивата на непријателот во Луганската област.

Морнарот Самофалов Валериј Михајлович. Во една битка, за прв пат во историјата на оваа војна, тој собори три непријателски жиродини одеднаш.

Зеленски додава и дека потпишал и указ со кој се доделуваат ордени за лична храброст на 39 Национални гардисти, 31 полицаец (девет постхумно), 14 граничари (четворица постхумно) и 23 вработени во Државната служба за вонредни ситуации.

Денес чинот бригаден генерал им се доделува на:

Нечаев Олег Олександрович. За успешна одбрана на Кијивската област.

Лишчински Владислав Вацлавович. За исклучително успешни дејствија против непријателот во Херсонската област.

Гуцол Володимир Володимирович. За успешно уништување на непријателските воздушни трупи во Василков.

Демјанчик Григориј Петрович. За успешно организирање на кадровската обука за нашите воени единици.

За крај. Зеенски изјави:

Денес и утре во Европа продолжуваат дискусиите за иднината на Украина во ЕУ.

Сметам дека нашиот народ, нашата држава, нашата армија веќе направи се за да сакаат да не видат таму. Меѓу еднаквите. Да бидем поканети таму.

Ова е завршен испит за Европа.

Меѓу лидерите на државите има и такви кои не поддржуваат. А има и такви кои се поддржуваат само себеси.

Но, ние гледаме како народите од сите европски земји се однесуваат со нас. И ова е главната работа.

Затоа што сигурно знам: ако луѓето одлучуваа за нашето членство во ЕУ, тие дефинитивно би го избрале народот на Украина.

Денес, кога ја гледам поддршката на народите на секоја земја на плоштадите во европските метрополи, знам дека украинскиот народ е веќе во Европската унија.

А, политичарите … сигурен сум дека ќе се прилагодат. Пожелно што е можно побрзо.“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ