Интервју за турскиот ТВ канал Хабертурк. За злосторствата што ги прави руската војска со нашиот народ и таа одговорност е неизбежна. А и за заедничка средба со држави – гаранти за безбедноста и можностите за преговарачкиот процес, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил каде го сподели видеото од интервјуто.
Претседателот Володимир Зеленски во интервјутоизрази убедување дека целото политичко раководство на Руската Федерација, руската армија, сите оние кои даваат наредби во војната против Украина и ги извршуваат се воени злосторници и мора да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Верувам дека руската армија, руското политичко раководство, сите оние кои ја развија оваа „операција“, сите оние кои издадоа наредби, сите оние кои ги извршија овие наредби, сите се воени злосторници“, рече претседателот на прашањето дали верува дека Владимир Путин е воен злосторник.
Зеленски истакна дека одговорноста за сите овие злосторства не може да биде поставена само на едно лице. Според претседателот, злосторствата извршени од руските трупи во Украина се „масовно злосторство“, кое е поддржано со наредби од многу луѓе и многу структури.
„И нема оправдување за ова, затоа сите мора да одговараат“, нагласи претседателот.
Д.Мишев