• Latest

Зголемување на капацитетите за откривање на мало и лесно оружје и подигање на јавната свест – дел од мисиите на ОБСЕ

December 1, 2023

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025

„Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“- извикуваа илјадници граѓани на протести низ Словачка

May 10, 2025

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ

Зголемување на капацитетите за откривање на мало и лесно оружје и подигање на јавната свест – дел од мисиите на ОБСЕ

December 1, 2023 14:08
in БЕЗБЕДНОСТ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ во 2023 година се фокусираше и на спроведување проекти за мало и лесно оружје (МЛО), како што е подобрување на капацитетите во полицијата за нивно откривање, но и подигање на јавната свест за опасностите од нивно користење, порача денеска амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој во своето обраќање на настанот „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“, што се одржа во рамките на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, го спомена и проектот за градење на капацитети во полицијата за откривање на МЛО, како што е единицата за службени кучиња, но и поддршка на работата на Национална комисија за мало и лесно оружје.

Исто така, потенцираше, активно се работеше и на подигање на свеста за опасностите од користење на ова оружје.

Како што појасни, фокусот беше ставен и на подобрување на верификацијата на деактивирање и уништување на огнено оружје, пренесе МИА.

-Настанот денеска ни помага да се осврнеме на успешната работа на нашите тимови кои ја вршеа во текот на оваа година и на нивната секојдневна посветеност за луѓето, но и да се потсетиме на успешното партнерство што го имаме со институциите во општеството. Најголемиот фокус на нашата мисија беше токму МЛО, посочи Вал.

Тој информираше дека во 2022 година во Југоисточна Европа се регистрирани 276 случаи на оружја и муниција на граничните премини, а под 500 оружја се запленети, што претставува само мал дел од вкупниот трансфер на оружја.

Дел од оружјата се користени од криминални групи, а другите пак, завршуваат во рацете на терористите.

 

Министерот за надворешни работи и претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Бујар Османи во своето обраќање на настанот подвлече дека мисијата на ОБСЕ во Скопје континуирано даваше значајна помош на нашите институции и на граѓаните.

За жал, како што подвлече, предизвиците со кои се соочивме последниве години ја засени важноста на динамиката на мисиите на ОБСЕ, но успешноста на овие мисии се од голема важност за придобивките на луѓето и нивниот секојдневен живот во општеството.

-Оваа 2023 година не беше најлесната година, но ние се обидовме да додадеме значајна важност на мисиите на ОБСЕ. Тоа е нешто што ја отсликува важноста на самата Организацијата и и дава поголема легитимност, рече Османи.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид на обраќањето на денешниот настан посочи дека безбедноста на луѓето, екологијата во општеството и напредокот на економијата се од клучна важност во секое општество и токму затоа се многу значајни мисиите на ОБСЕ.

 

-Позитивно сум изненадена од посветеноста и одлучноста на Северна Македонија за обезбедување на поголема безбедност во општеството и остварување на основните принципи на ОБСЕ. Ние испорачавме повеќе од 300 програми во државата, кои се сведуваат најмногу на заштита и безбедност. На крајот сепак можам да констатирам дека сето ова навистина се однесува за луѓето. Без посветената работа на Северна Македонија немаше да стигнеме до целта, подвлече Шмид.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ