• Latest

Жан Моне: Политичките лидери обединети Собранието да ги води евроатлантските интеграции

May 21, 2018

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жан Моне: Политичките лидери обединети Собранието да ги води евроатлантските интеграции

May 21, 2018 11:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Македонија ќе се формира Работна група составена од претставници на политичките партии, за да се поддржи имплементацијата на реформската агенда и следните чекори на процесот Жан Моне.

Како што информира собраниската прес-служба, на првиот дводневен неформален и отворен дијалог, политичките партии уште еднаш го потврдиле консензусот да работат заедно за земјата да напредува кон членството во ЕУ и да се интегрира во евроатлантските структури.

Со цел да се забрза овој процес, политичките партии се заложија Собранието да ја има најефикасната улога преку употреба на сиот свој демократски легитимитет, надзорната и законодавната моќ и преку започнување на серија реформи почнувајќи со итна посветеност кон усвојување нов Етички кодекс и применување итни измени на Деловникот. Исто така, беше усогласена посветеност кон поопсежна ревизија на Деловникот за да се обезбеди Собранието да биде поефикасно, транспарентно и ефективно при исполнувањето на очекувањата на граѓаните за членство во ЕУ.

Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, потенцирале дека политичкиот дијалог е суштината на секој демократски процес и изразија задоволство од заинтересираност и енергична вклученост на сите наши политички партнери во процесот.

– Силни пораки на поддршка беа исто така упатени од страна на комесарот Хан и претседателите на двете најголеми европски политички парии – Европската народна партија и Партијата на европски социјалисти, се наведува во соопштението.

Вајгл, Кукан и Флекенштајн повторија дека, реформската агенда е целосно поддржана од ЕП, вклучително и Комисија за надворешни прашања и делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет.

Дијалогот Жан Моне придонесува кон поддржување на Македонија во следните чекори на напредок на земјата кон членството во ЕУ, особено следејќи ги безусловните и позитивни препораки од страна на Европската Комисија која сега ја очекува одлуката на Советот, соопшти Парламентот.

(МИА)

Tags: Жан Монеработна групаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ