• Latest

„Живот во кутија“ на Томислав Кежаровски

November 14, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Живот во кутија“ на Томислав Кежаровски

November 14, 2017 13:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во четврток (16.11.) во амфитеатарот на универзитетот ФОН ќе се одржи промоција на книгата „Живот во кутија“ на новинарот Томислав Кежаровски, провокативно, трогателно, но пред сè, искрено сведоштво за речиси двете години, поминати зад решетки и во куќен притвор и за причините и последиците на хоророт што го преживуваа тој и неговото семејство…  

Случајот „Кежаровски“ беше еден од лостовите преку кои се уриваше недемократската власт на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Обвинет и осуден на 4,5 години затвор, за наводно обелоденување на идентитет на заштитен сведок, кој самиот на суд призна дека дал лажен исказ под притисок на полицијата, новинарот Кежаровски помина седум месеци во притвор во „Шутка“ и 15 месеци во куќен притвор.

Под притисок на дел од домашната јавност и на меѓународните организации кои се борат за човекови права и за слобода на јавното изразување, Кежаровски кој беше можеби медиумски најекспонираната жртва, меѓу стотиците страдалници од безумието кое цела деценија ја туркаше Македонија кон бездната, излезе од затвор, означувајќи го симболично – почетокот на крајот на режимот.

Свесен „за потребата да се насликаат сите нијанси на несреќата со која таму се борат ‘обичните луѓе’“, Кежаровски напиша книга која, како што во предговорот на книгата, пишува новинарот Синиша Станковиќ, не е само „дневник од зад решетки или есеи за слободата, за новинарството, за професионализмот и за достоинството, или белешки за сопствените преиспитувања за смислата на етиката, на моралните норми и на жртвувањето за повисоки цели, или романтизирана автобиографија, или лично сведоштво за еден срамен период од македонската историја, во која тој, ни крив ни должен, беше и паталец и жртва, или роман-фикција, низ која ќе се преплетуваат горките искуства кои никого не можат да остават рамнодушен…“ Зашто, книгата „Живот во кутија“ е сето тоа, во едно, оти, Кежаровски „имаше, и сè уште има, незапирлив порив да раскаже, да вресне, да обвини, да посочи на грешките“…

Или, како што ќе напише авторот на поговорот во книгата, новинарот Ѕвездан Георгиевски, „Кежаровски се решил на еден вонредно храбар потег – да ја сподели целата своја мака, фрустрација, своите јадови и своите понижувања, со еден релативно широк круг читатели. Кежаровски, секако, е мајстор на пишаниот збор. Тој цел живот е новинар во таканаречените пишувани, односно, печатени медиуми и не е ни чудо дека владее со занаетот на пишувањето. Меѓутоа, овој пат, не станува збор за вообичаена новинарска задача. ‘Живот во кутија’ не е само исповед, туку една соголена, потресна и напната приказна која се чита во еден здив. Своевиден прирачник за преживување и таму каде што никогаш не сте мислеле дека ќе се најдете“.

Аворт на цртежот на насловната страница и на идејното решение на корицата е Игор Стевковски – Стевац, а на фотографиите во книгата, фоторепортерите Наке Батев, Томислав Георгиев и Маја Златевска.

 

Tags: „Живот во кутија“БатевГеоргиевГеоргиевскиЗлатевскаКежаровскикнигапромоцијаСтанковиќСтевковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ