• Latest

Жозеп Борел на 16 и 17 март пристигнува во посета на земјава

March 13, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жозеп Борел на 16 и 17 март пристигнува во посета на земјава

March 13, 2023 19:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на 16 и 17 март ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Борел, како што е најавено, најпрво на 16 март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а в петок на 17 март ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Вархеи.

По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Северна Македонија.

Борел претходно, на 15 и 16 ќе ја посети Албанија, каде како што е најавено ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, пред да претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија на 16 март.

Овие посети ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Северна Македонија, согласно нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БорелМакедонијапосета
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result