Како дел од Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ што се однесува на граѓанските препораки за креирање на владините политики, овие денови се потсетуваме на серијата интервјуа со жртвите на режимот, што ЦИВИЛ ги спроведе во текот на минатата година.
Лидија Лазова, случај „Калдрма“, на 2 декември 2011 година беше приведена со 86 вработени на кои веднаш им беше одреден притвор. На панел дискусија „Жртви на режимот -сведоштва и слики“, одржана на 21 декември 2019, во органзиација на ЦИВИЛ, низ солзи ја раскажа својата голгота во битолскиот затвор и во Идризово.
„Откако заврши казната, сите се осеќавме како да сме заробени иако сме на слобода. Многу бракови се растурија, дури и јас останав сама. Не можам сега да работам поради повредата во колкот.
Видовме дека Владата презема некакви мерки за сите, освен за нас кои бевме жртви на режимот. За нас нема ништо направено и ние уште чекаме на правда и правдина“, вели Лазова.












