• Latest

Зибери: 12 април опасен за интеграциите, изборите да се одложат пред да се закажат

November 9, 2019
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Зибери: 12 април опасен за интеграциите, изборите да се одложат пред да се закажат

November 9, 2019 17:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако се загрозува ратификацијата на протоколот за членството во НАТО, тогаш изборите да се одложат пред истите да се закажат и пред да се распушти Собранието“, вели правникот Насер Зибери, сметајќи дека ова е единствената опција што им останува во располагање на политичките партии.

Тој вели дека распуштањето на Собранието значи прекин на мандатот на пратениците, а Уставот не предвидува можност по распуштањето на Собранието да се свикува пак седница со истиот состав. Коментирајќи ги изјавите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски, Зибери тврди дека членот 63 е дециден во тоа што распуштеното Собрание може да се свикува само во воена или вонредна состојба.

Ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, според експертот по право, Насер Зибери, иако е важно, сепак не е ниту воена ниту вонредна ситуација. Затоа тој им препорачува на политичките партии проценките да ги прават на време и евентуалната одлука да ја донесат пред да се распушти Собранието.

“Изборите може да се одложат во секој момент, додека Собранието не е распуштено, бидејќи одлуката за самораспуштање пратениците ја носат со апсолутно мнозинство, односно 61 гласа за од 120 колку се вкупно пратеници. Сè додека Собранието не е распуштено, датумот 12 април може да се пролонгира во секој момент”, изјави Зибери.

Зибери цени дека лидерите на политичките партии се избрзале со договорот за предвремените парламентарни избори и истиот е постигнат под влијание на разочарувањето по неуспешниот самит на ЕУ. Според него, изборите на 12 април го загрозуваат не само членството во НАТО туку и добивањето датум за преговори со Европската Унија.

Тој потсетува дека во новата стратегија за реформи во ЕУ може да се стават и нови услови кои би се барале да се исполнат до Самитот во мај, било тоа да се законски измени или слични одлуки. Во таква ситуација Зибери вели дека земјава може да биде без Собрание, ќе нема кој да ги изгласа новите промени или услови до мајскиот Самит кој ќе се одржи во Загреб, затоа може да не добиеме датум за преговори, овој пат по наша грешка.

“Се поставува прашањето, што ако Франција предвидува нови правила за земјите кандидати за почеток на преговорите, а во меѓувреме ние имаме распуштено Собрание, незавршени избори, а конституирањето на Собранието до тогаш не е направено. Во ваква ситуација Северна Македонија може да не добие датум ни на следниот Самит кој во мај ќе се одржи во Загреб и така почетокот на преговорите ризикуваме да се одложи до неизвесност. Мислам дека лидерите на политичките парти и претседателот требало да ги имаат предвид сите ситуации пред да донесат одлука за закажување датум за предвремени парламентарни избори”, изјави Зибери.

Дебатата за одложување на изборите се отвори по изјавата на премиерот Заев кој најави можност за одложување на парламентарните избори доколку Шпанија не стига на време да конституира Собрание и да го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Протоколот потоа треба да дојде во Скопје за ратификација во македонското Собрание, а во случај на задоцнување од страна на Шпанија, нашето Собрание ќе биде распуштено.

Против изјавата на Заев, излезе лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој тврди дека во таква ситуација нема потреба да се одложат изборите туку може да се свикува вонредна седница само за ратификација на протоколот за членство во НАТО.

И претседателот на земјата, Стево Пендаровски тврдеше дека исто како што постои техничка Влада може да има и техничко Собрание и според него нема потреба да се одложат изборите.

Но, претседателот на Собранието, Талат Џафери излезе против двете верзии. Тој беше дециден дека по распуштање на Собранието не може да се реализира ниту една од двете сценарија, ниту да се свика седница за одложување на изборите, ниту за ратификација на протоколот за НАТО.

Арбен Зеќири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ