Главниот и одговорен уредник на „Капитал“, Љупчо Зиков, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ зборуваше за пописот од економска гледна точка.
„Попис во 2021 година никаде во светот не е тема. За мене 3 клучни постулати се важни. Податоците од пописот се база за стратешка економска политика на Владата. Битно е и кај компаниите и физичките лица за деловна политика. И трето, пописот е битен за пописни политики. Пример, сакаат да градат спортска сала. За колку луѓе треба да се направи таа сала? Зошто е битен пописот? Кога една компанија инвестира, колку луѓе се потребни за таа компанија? Знаат ли компаниите колку производи треба да направат за да го задоволат пазарот?
Ние треба да си ги преброиме како и граѓаните така и потрошувачите, бидејќи современиот збор за граѓанин е потрошувач. Затоа пописот е статистичка операција. Третиот аспект се државно-економски и стратешки политики. Пописот мора да се направи. Хипотетички да кажеме дека нема да се одржи годинава пописот. Подоцна тоа треба да го правиме под силен притисок на ЕУ“, истакна Зиков.