Како реакција на грубиот притисок од претставник на Министерството за надворешни работи врз новинарот на ТВ 21, ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објавува следната изјава:
ЦИВИЛ најостро го осудува грубиот притисок од претставник на Министерството за надворешни работи врз новинарот на ТВ 21. Обидите да се замолчат медиумите не смеат да бидат премолчени, а претставникот на МНР мора да одговара за својата незаконита и антидемократска постапка. Изразувањето жалење од МНР не е доволно. Од МНР очекуваме извинување до редакцијата на ТВ 21, до новинарот и до јавноста, а тоа подразбира и одговорност на лицето кое го изврши овој груб притисок врз новинарот.
Институциите мора да ги почитуваат слободата на изразувањето и медиумските слободи, бидејќи тоа се главните показатели за нивото на демократијата и владеењето на правото во една земја.
Затоа, институциите, во случајов МНР, мораат постојано и доследно да ги гарантираат медиумските слободи и да докажат дека старите навики не прејдоа и на новата власт. Со ваквото неприфатливо однесување го докажуваат токму спротивното!