Екипата на ЦИВИЛ Медиа утрово оствари средба со извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски.
На остварената средба, новинарите од ЦИВИЛ Медиа се запознаа со работата на Здружението, како и со бенефициите од членството во ова здружение.
Според податоците кои Секуловски ги изложи на средбата, ЗНМ во моментов брои околу 300 членови, а целта на Здружението е да станат побројни.
Освен официјалното седиште во Скопје, ЗНМ има 6 регионални центри во Штип, Струмица, Битола, Куманово, Тетово и Охрид.
За своите членови ЗНМ нуди бесплатна правна помош како и низа бенефиции како попусти за доусовршување, паркинг, транспортни трошоци, зимски гуми, попусти во угостителски објекти.
Покрај поврзување на новинарите ЗНМ остварува соработка и со повеќе невладини организации.
ЦИВИЛ – Центар за слобода и ЗНМ во моментов се вклучени во заедничкиот регионален проект „Регионална платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите“. Целта на овој проект е создавање на онлајн платформа „Систем за рано предупредување и превенција“ како механизам за заедничко лобирање за имплементација на стандардите на ЕУ во областа на медиумите и превенција на злоупотреба, преку градење на капацитетите, вмрежување и размена на знаења помеѓу шесте регионални здруженија на новинарите.
М.И.
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.