Два проектни тима на ЦИВИЛ денеска поминаа богат активистички ден на терен во Неготино, Демир Капија, Валандово, Богданци, Гевгелија и Струмица.
[envira-gallery id=”49927″]
Во овие шест града преку инфо-штандови и директна комуникација со граѓанките и граѓаните тимовите на ЦИВИЛ го презентираа проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ посветен на политичкиот и општествениот дијалог, јакнењето на слободата на изразувањето и медиумската писменост на граѓанките и граѓаните.
Граѓанките и граѓаните беа заинтересирани што имавме да споделиме со нив и многумина од нив изразија поддршка за нашата работа. Инфо-штандовите беа одлична можност да се информираат за проектот и за останатите проектни активности. Во разговор со тимовите на ЦИВИЛ споделија свои ставови, мислења, како и предлози како до слободни медиуми.
ЦИВИЛ продолжува и понатаму со теренските активности низ Македонија, повикувајќи ги медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествувааат во нив.
ЦМ