• Latest

Зелиќ: Локалните избори во сенка на уставната криза

May 22, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зелиќ: Локалните избори во сенка на уставната криза

May 22, 2017 10:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На локалните избори во Хрватска во неделата, право на глас имаа повеќе од 3,7 милиони граѓанки и граѓани, кои можеа да гласаат за повеќе од 47.000 пријавени кандидати за повеќе од 9.500 различни функции на локално и регионално ниво.

Според неофицијалните информации од Државната изборна комисија на Република Хрватска, до утринава во 9,30 обработени се податоци од над 99% од вкупниот број на избирачки места, со просечна излезност од 46%.

Локалните избори ги мониторираа над 12.000 набљудувачи.

Мониторинг тимот на ГОНГ, организација за потикнување на граѓаните за активно учество во политичките процеси, во првичниот извештај за првиот круг од локалните избори, излезе со информации за помал број на нерегуларности во однос на претходните изборни циклуси.

Недоволната едуцираност и непрофесионалното однесување на дел од избирачките одбори се сѐ уште главен проблем при скратување на остварувањето на гласачкото право. Според пријавите на граѓанките и граѓаните, ГОНГ бележи и прекршување на избирачкиот молк во повеќе случаи, телефонско вознемирување, одење од врата на врата на граѓаните и агитирање за кого да гласаат,  лепење плакати и прекршување на молкот на социјалните мрежи.

„ГОНГ вчера извести на темел на неанонимни пријави од граѓаните за одреден број на нерегуларности, но помалку во однос на претходните избори. Пријавите се однесуваат на работата на избирачките одбори. На овие локални избори се заокружуваа четири ливчиња, а некои избирачки одбори им давале само две на гласачите. Одделни избирачки одбори на избирачките места не обезбедија тајност на гласањето, во одделни избирачки места граѓаните веќе беа заокружени, како веќе да гласале“, изјави во телефонскиот разговор за ЦИВИЛ Медиа, Драган Зелиќ, меѓународен експерт за изборно набљудување во ГОНГ.

Пријавите за прекршување на избирачкиот молк подлежат на санкции, како што изјави Зелиќ, од 3.000 до 5.000 куни.

„Останува да видиме дали надлежните изборни институции ќе покренат кривични пријави против кршење на изборниот молк“, изјави Зелиќ, потенцирајќи го проблемот со информираноста и едуцираноста на граѓаните во остварување на своите гласачки права.

„Изборната кампања беше во длабока сенка на политичките случувања на национално ниво. Во Хрватска, во моментов, имаме криза во Владата, уставна криза, затоа што премиерот разреши четири министри, без предлог за нови министри што би ги замениле,“ рече Зелиќ, потенцирајќи дека изборната кампања не била фокусирана на локални теми, туку токму на проблеми во контекст на политичката состојба во која Хрватска се наоѓа.

Биљана Јордановска

 

Tags: ГОНГДраган Зелиќлокални избориХрватска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ