• Latest
Добро утро со Орданоски

Знам дека си ти кога викам алооо…

October 26, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Знам дека си ти кога викам алооо…

Работата на полицијата МОРА да биде под постојан надзор на јавноста и медиумите, а секако и на опозицијата. Половина од криминалот во Македонија – трговијата и транспортот на дрога, на пример – е НЕВОЗМОЖЕН без учество на корумпирани полицајци од сите „партии“ и „независни кандидатскии листи“, во и без униформи. Ама, па, ова со прилепската полициска вибер-група ги надминува и најсмешните вицови за глупоста на полицајците

October 26, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Фатил цајкан златна рипка. „Ќе ти исполнам три желби, ако ме пуштиш“, му рекла рипката. И ја пуштил.

Вицовите за (не)интелигенцијата на полицајците се еден од најстарите стереотипи во многу култури. Но, прикаската за прилепските џандари, што се обидува на предизборната јавност да ѝ ја „продаде“ ВМРО-ДПМНЕ последниве денови, дека десетици припадници на тамошната полиција, на чело со локалните началници и командири на полициски станици, се организирале во ВИБЕР група (?!) за, во корист на власта, да вршат притисок врз гласачите со сопирање автомобили по улиците, навистина делува како врвна глупост – од тие што ја објавија! Арно што не му текнало на полковникот Драган Ковачки на партиската прес-конференција да ја облече и офицерската униформа на АРМ, за да делува што поуверливо и поавторитетно…

На локалниве избори, ВМРО-ДПМНЕ оствари уверлива победа во Прилеп. Нивниот кандидат Борче Јовчески го „прегази“ СДСМ уште во првиот круг, со освоени 55% од гласовите, со 7-8.000 гласа разлика од противничкиот кандидат Горан Сугарески. Што им треба да го девалвираат тој успех со вакви наивни полициски сказни?!

МВР излезе со податок дека на денот на изборите во Прилеп ниту едно возило не е испратено на вонреден технички преглед и дека, дури, ни една казна не е „пишана“ за непрописни возења. И тоа е практика што загрижува, а говори за тоа дека полицијата, навистина, има „политички“ резон во делувањето за време на избори, ама во спротивна насока од оваа за којашто сериозно се обвинува: дека е партиски злоупотребена од сегашната власт како механизам за притисок врз гласачите!

Разузнавачко-безбедносниот полусвет собран по изборните штабови на нашите партии доживеа спектакуларен политички пораз токму во ВМРО-ДПМНЕ откако – потврдено и со правосилни судски пресуди – се открија мамутските размери на злоупотребата на безбедносните структури во нивното владеење со државата. Резултатот од тоа и формално го знаеме, бидејќи половина од тој состав е во затвор, другата половина е во бегство во странство – и тоа нашата опозиција е решена НИКОГАШ да не му го заборави на ова раководство на СДСМ! Толку убаво им одеше владеењето, додека не ги раскринкаа…

Затоа, преостанатата „трета половина“ од безбедносното подземје кај вмровците – оние околу поранешниот претседател Иванов, да речеме, не ги ни чепнаа – си ја продолжува политикантската практика да создава политички смутови со произведување „доверливи“ афери и скандали за забава на јавноста. Тие содржини секогаш привлекуваат внимание. Фејсбук е преполн со заговори и шпекулации, а и со „извори“, со најфантастични содржини. Една таква вест со сериозно предупредување за наводна вооружена група која би пукала по избирачки места, ни помалку ни повеќе, на денот на првиот круг на гласање лиферуваше и Американската амбасада во Скопје, за да се испостави дека, наводно, и тие биле изманипулирани со алармантни „доверливи дојави“ од една овдешна политичка партија… Нејсе.

Сепак, да не се разбереме погрешно: работата на полицијата МОРА да биде под постојан надзор на јавноста и медиумите, а секако и на опозицијата. Половина од криминалот во Македонија – трговијата и транспортот на дрога, на пример – е НЕВОЗМОЖЕН без учество на корумпирани полицајци од сите „партии“ и „независни кандидатскии листи“, во и без униформи. Си има уште многу работа и за внатрешната контрола во МВР и за надлежните обвинителства.

Ама, па, ова со прилепската полициска вибер-група – денес секој може да направи група на вибер, да ги додаде кои сака телефонски броеви и да почне да разменува „доверливи“ пораки – ги надминува и најсмешните вицови за глупоста на полицајците, особено кога би биле точни! Додуша, и од другата страна на „драмата“ стојат полицајски умови, па резултатот некако му доаѓа нерешено смешен. А и тажен.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ