Categories

РЕАКЦИЈА ЗНМ бара извинување од Христијан Мицкоски за етикетирањето на медиумите

Здружението на новинарите на Македонија смета дека говорот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со кој етикетира медиуми е непримерен и недоличен за еден лидер на политичка партија, реагираат од здружението по неговиот говор во Крушево.

„Ваквите јавни настапи на политичарите се неприфатливи и претставуваат директна закана кон работата и уредничката независност на медиумите и служат да го дискредитираат начинот на кој тие работат. Го повикуваме раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини на телевизијата и во иднина да се погрижи да не се етикетираат ниту медиумите ниту новинарите, бидејќи тоа може само да ја влоши состојбата на слободата на изразувањето во државата, а таквиот наратив може да поттикне напади врз новинарите, снимателите и фоторепортерите кои работат на терен“, велат од ЗНМ, појаснувајќи дека Мицкоски за време на митингот во Крушево, кажа дека СДСМ ги вклучило своите скапо платени главни уредници и медиуми да лиферуваат анкети.

ЗНМ потсетува дека доколку политичарите или било кој друг има забелешки за начинот на кој известуваат медиумите можат да поднесат претставки до медиумските саморегулативни тела и тоа до Советот на честа при ЗНМ и до Советот за етика во медиумите во Македонија.

Print Friendly, PDF & Email