• Latest

ЗНМ на средби со дипломати изрази загриженост од измените на Изборниот законик

August 16, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЗНМ на средби со дипломати изрази загриженост од измените на Изборниот законик

August 16, 2018 15:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани и претседателот на ЗНМ Драган Секуловски вчера и денеска имаа одвоени средби со  дипломати акредитирани во Скопје, на која изразија загриженост за последните измени на Изборниот законик за легализација на политичката пропаганда во медиумите со јавни пари и индиректна регулација на онлајн-медиумите, кои ќе имаат негативен ефект врз слободата на медиумите.

Селмани и Секуловски се сретнаа со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Лукаш Холуб, како и со политичкиот советник во Американската амбасада Пол Граден.

– Селмани на соговорниците им објасни дека владата и опозицијата сакаат со јавни пари да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборна кампања и со тоа да го вратат стариот коруптивен систем меѓу политиката и сопствениците на медиумите од времето на режимот на Груевски. Тој смета дека парите што медиумите ќе ги добиваат од партиите за објавување политичка пропаганда ќе ги направи медиумите финансиски зависни, а тоа ќе влијае врз нивната уредувачка политика, наведува ЗНМ.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија ги повика дипломатите да се заложат кај владата по референдумот да се повлече можноста јавни пари да се користат за политичка пропаганда и да се отстрани можноста Државната изборна комисија да ги регистрира и казнува онлајн-медиумите за време на изборна кампања или референдуми.

Претставниците на ЗНМ со дипломатите разговараа и за неефикасноста на обвинителството и судот за брзо и ефикасно процесуирање на нападите врз новинарите. Тие сметаат и дека јавните повици на високи претставници на власта до раководството на Македонската радиотелевизија да поднесе оставка е контрапродуктивно и не придонесува за реформа на јавниот сервис.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ