• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Зошто Македонија сè уште оперира со полициски час од воен тип, а не curfew во услови на пандемија?

March 21, 2021
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Зошто Македонија сè уште оперира со полициски час од воен тип, а не curfew во услови на пандемија?

Тоа што го разликуваше полицискиот час во Македонија лани од сите останати студирани во Европа и регионот е дека за негово кршење се казнуваше кривично, а не (само) прекршочно, а казните беа (или – се, не е јасно?) неспоредливи во својата драконска димензија со остатокот на Европа: додека во Германија најстрогата казна оваа зима е 500 евра, кај нас минатата година се казнуваше со 2.500 евра или затвор. Само да појаснам, овде не мислам на строгите казни за загрозување на севкупниот систем какви што ги имаше изречено лани во Шпанија за специфични случаи, туку за обичниот прекршок да се најдеш на јавно место во време на полициски час. Според погоре цитираната студија, повторно, само Македонија е таков пример.

March 21, 2021 17:49
in АНАЛИЗИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Пандемијата, особено ако трае долго – повеќе од година во случајот на Ковид-19 – не е само здравствено прашање туку општествено-економско и го засега сето општество, како и неговите темелни вредности: демократијата и статусот на човековите права. Ако ги суспендирате некои од основните човекови права, какво што е правото на движење или правото на јавно здравство во име на некаква виша сила (борбата против пандемијата), тоа треба да го направите на начин кој ќе покаже максимален напор за почитување на специфичните права на групи граѓани, но и Граѓанинот како поединец.

Минатата година, Македонија заедно со Србија, Албанија и уште грст пост-советски републики, беше меѓу малкуте земји-потписнички што дерогираа од Европската конвенција за човековите права, и тоа на повеќе точки. Во меѓународни извештаи кои се однесуваат на регионот, и пошироко, како во извештајот на V-Dem (пролет 2020), земјава се најде меѓу оние кои имаат висок степен на тенденција да ја злоупотребат кризата за практикување на авторитаризам. Оваа оценка се базира на екстремната ригорозност на мерките, работата на владата без надзор на парламент, и непропорционалноста на мерките во однос на критериумот на почитување на човековите права. Анализите на Фридрих Еберт Штифтунг-ЈИЕ произведени во првата половина на 2020 сведочат за истата тенденција, со уште една важна забелешка која постојано се повторува – граѓанското општество во Северна Македонија не ја вршело својата улога на куче-чувар на човековите права и не ја контролирало владата во оваа смисла. И самата учествував со слична анализа која туку што беше објавена и ги покрива Северна Македонија, Бугарија, Романија и Грција (https://tinyurl.com/bsv2nv54). Резултатите од таа анализа беа претставени во август 2020 пред неколку пратеници на Европскиот парламент.

Што се случува оваа година? Иако помина толку време, старо-новиот министер за здравство не создал никаква методологија за управување на општеството во состојба на пандемија: се потпира на старите исклучиво полициски мерки, а го советуваат здравствени работници. Тоа не е методологија, туку пристап во кој се вложени две еднодимензионални перспективи. Изгледа дека и тој, а и новата влада, како и ланскиот министер Наќе Чулев, веруваат дека „човековите права се луксуз во пандемија.“ Можеби се луксуз што може да си го дозволи Индија на диктаторот Нарендра Моди, но не и земја аспирант за членство во Европската унија.

Тимот кој ги осмислува мерките треба да има компетенции од областа на јавните политики и доброто и демократско владеење во време на пандемија: методологијата мора да осмисли начини на кои ќе се овозможи контролирано и надгледувано дерогирање или отстапување од „полицискиот час“ (curfew) за секој граѓанин. Тоа дерогирање не смее да се однесува само на прашања на живот и смрт туку на основни и секојдневни животни потреби – од одење до продавница и аптека за неопходни намирници, до посета на некој кој итно му треба вашата потреба (сеедно каква: на пример, го заборавил клучот кај вас), до, секако, шетање на миленикот. И во најстрогите карантини (локдауни) во Европа, миленикот го изнесувате и во curfew или „полициски час,“ според сопствено наоѓање, а не во определено време од денот. Во линков се наоѓаат мерките за најстрогите форми на полициски час во Германија од оваа година: https://www.thelocal.de/20201216/explained-these-are-the-german-states-with-curfew-restrictions/ Тие го потврдуваат ова што го објаснувам во овој пасус (да, вклучително, и „баналноста“ со милениците, иако стотици илјади семејства имаат миленици, па прашањето е далеку од банално). Граѓаните не смеете да ги сегрегирате по возраст на јавни места, како што беше тоа случај лани со пензионерите. Ова е нотирано во горецитираната анализа како сериозно кршење на човековите права и дискриминација според возраст – садистично натиснување на ранлива група граѓани во два часа дневно кои требаше да се употребат и за превоз и за чекање во банка и за продавница. Таа мерка од минатата година се граничи со тортура и покрај оправдувањата дека е за добро на постарите. Реториката и мерливата стварност се две различни нешта.

Во истражувањата на кои работев минатата година на оваа тема, зборот „полициски час“ не можев да го преведам само со curfew, туку моравме да додаваме описи како military type of curfew и сл., затоа што уредниците констатираа дека во останатите земји не постои таков полициски час: затворање со денови на ред, без апсолутно никаква можност да се излезе дури и пред влезот на живеалиштето освен кога е прашање на живот и смрт, да се оди да се купи намирница дури и да умирате од глад (ако не сте стасале да пазарите – оти тоа е теориски можно, нели?), да купите аналгетик или да го изнесете миленикот (да потсетиме, тие минути во денот кога ни беше дозволено овде да ги изнесуваме милениците беа извојувани од активисти, минатогодишната влада немаше намера да ги акомодира таквите потреби). Да не зборуваме за тоа што останува да се оцени колку не-ковид поврзани операции минатата година беа одложени од оправдани причини. А и да не заборавиме на нашите повратници од странство кои беа држени затворени во автобуси и по пет до десет часови, и не смееја да излезат ниту до тоалет ниту да се снабдат со вода – затоа што полицискиот час не беше curfew туку дословно полициски час. Повторно, ова граничи со тортура. Така, менаџирањето на пандемијата и „полициските часови“ се прашање на основните човекови права, а не само здравствено прашање.

Конечно, тоа што го разликуваше полицискиот час во Македонија лани од сите останати студирани во Европа и регионот е дека за негово кршење се казнуваше кривично, а не (само) прекршочно, а казните беа (или – се, не е јасно?) неспоредливи во својата драконска димензија со остатокот на Европа: додека во Германија најстрогата казна оваа зима е 500 евра, кај нас минатата година се казнуваше со 2.500 евра или затвор. Само да појаснам, овде не мислам на строгите казни за загрозување на севкупниот систем какви што ги имаше изречено лани во Шпанија за специфични случаи, туку за обичниот прекршок да се најдеш на јавно место во време на полициски час. Според погоре цитираната студија, повторно, само Македонија е таков пример.

Во минатогодишниот извештај на ЕУ за напредокот на Србија се спомнуваат немирите предизвикани од мерките против пандемијата кои доведоа и до протести, но, како што гледаме, оваа година, населението на Србија не е во куќен притвор. Таму, единствено местата каде што може да се случат јавни групирања се ставени под клуч. Оваа година, владата на РСМ и одговорниот Венко Филипче немаат најавено дали „полициски час“ им е истото што и лани и дали дерогираат од Европската конвенција за човекови права. Ако имаат дерогирано, тоа е заташкано од јавноста оти објавата во некој број на Службен весник, како лани, не е транспарентност. Стручниот тим и понатаму не е стручен – ова прашање не е само здравствено и не се решава само со репресивен апарат (полициски мерки), ова е прашање на мулти-проблемски политики, кои треба да разработат скалеста методологија така што „полицискиот час“ да не се претвора во вид на куќен притвор.

Потребни се експерти од областа на човековите права (сега има и специјализирани за вонредните услови на Ковид), јавни политики од повеќе области, вклучително и економија, кои ќе овозможат по пат на алтернирање и планирање на степенот на активност да не пропаднат малите бизниси. Со еден збор, тимот на Филипче не е стручен тим за управување на општество во услови на пандемија. Пред каква било најава на построги мерки, требаше да се екипираат и да разработат методологија. Некои од нас, сепак, ќе бидат кучиња-чувари кои ќе се погрижат сите информации за изведбата на најавените рестрикции да стасаат до релевантните инстанции кои го мерат напредокот на земјата кон ЕУ и почитта кон нејзините темелни вредности.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    170 shares
    Share 68 Tweet 43
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ