• Latest
Бранко Тричковски, колумнист

Зошто Мицкоски не би можел да игра во филм на Вуди Ален?

February 15, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Зошто Мицкоски не би можел да игра во филм на Вуди Ален?

February 15, 2025 12:53
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Бранко Тричковски, колумнист

Бранко Тричковски, колумнист

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Можеби славата, богатството и способноста да привлекува убави жени, кај Вуди Ален зависат од гените кои ја подобруваат смислата за хумор. Во филмот Stardust Memories тој на завидливиот пријател од детството му објаснува дека пресудно било влијанието на околината: „Живееме во општество кое сака вицеви… Да сум роден како Апаш, со оглед на тоа што на нив не им биле потребни комедијанти, јас би бил без работа.”

Јас мислам дека Вуди би бил без работа и да се родел како Македонец. Но, не затоа што на Македонците не им се потребни комедијанти, напротив, ова е земја на комедијанти, но прости, селски комедијанти без смисла за хумор, што е сигурен знак дека се и без многу памет. Аленовиот хумор исполнет со префинетост, филозофичност, социјална втемеленост и провокативност тука би бил исфрлен на маргините како предавничка категорија која се спрдачи со македонскиот народ и неговата вековите борба за своја држава, идентитет и достоинство.

Замислете го Мицко во некој филм на Вуди. Во кој во еден кадар има текст колку во сите соопштенија и интервјуа на Мицко само милијарда пати поразноврсен и побогат.
Мицко не би успеал да го прочита од идиотот ниту во милион обиди.

Гарантирам.

Или Весна.

Што би играла Јаневска кај Вуди Ален.

Реформаторка на школскиот систем за децата.

Тоа би било урнебесно смешно.

Мислам, самата идеја, за која Вуди би добил три оскари.

За Дафа да не правиме муабет.

Мицко на конференцијата во Минхен, се разбира, ќе приреди урнебесна комедија.

Не треба да зборува.

Само да се качи на бината.

А ако почне да говори за геополитиката ќе се случи тешко исмејување меѓу присутните дипломати и подзаскриено спрдачење со човекот за кого по излагањето за светската геополитика на никој во цела Баварија нема да му биде јасно како станал премиер на една макар и минијатурна државичка во распаѓање

И сега, репрезентацијата на најпростите Македонци, таканаречени вморони, тргнала во потрага по нова химна, нов грб и други нови заебанции кои ќе им овозможат на Македонците да умрат занимавајки се со националните дела во форма која што ја потврдува општата лудост.
Јас тврдам дека Шекспир да стане не би можел да напише химна на оваа државиче  и на неговото тешко оглупавено, занесено и шашардисано, вмровизирано, што сè се синоними за иста состојба на недухот, население.

Зошто не би можел?

Затоа што нема материјал.

Што да тури во химната, а да не е смешно или тажно?

За химната е потребна епика, а ние имаме само лигава  лирика од најдолен вид. Нема историја, нема остварувања, нема  работи по што сме се запишале во историјата и во културната мапа на Европа, освен како некаква жртва без сочувство што ќе го овери тој статус, дупката на Павле не е за химна, Ацо-ич, манекените на вмро не се ни за во детски боенки…Антифшизмот-да, но и него го искомпромитиравме, да не речам сјебавме.

„Вековниот стремеж на македонскиот народ за своја држава” можеме да го прифатиме како поетско претерување, но на фактографско ниво мора да се каже дека тоа е една од основните лаги и просерувања кои произведуваат неверојатни количества емотивни, политички и морални проблеми.

Дури и ако земеме дека констатацијата е точна таа би била крајно проблематична затоа што би резултирала со лоши оценки за македонскиот народ и за неговата вековна борба ако резултатот дошол толку доцна и тоа со вградени елементи за проблематизирање.

Кога на тоа ќе се додадат уште двата мита, едниот за тоа дека на МПЦ и го должиме неоштетениот идентитет низ вековите и дека вмро во сто и една приказна се борел за национално ослободување и државно конституирање, ќе дојдеме до проблемот на лицето на оваа нација и оваа држава кое е напудрено со лаги за себе толку многу што во тие помади го има загубено својот реален и вистински идентитет.

Лицето на нацијата е тема.

Во Грбот можеме да го туриме цел Соренгети, за химна да ја земеме „Олвејс лук он д брајт сајд оф лајф” на Монти Пајтон и тоа во оригинал, на англиски.

Само уште три акценти за оваа прилика:

Занимациите со грбот, химната, знамето, името, не се никакви идентитетски борби туку се начин да се развлекува конституирањето на Македонија како модерна нација и држава.

Тие расправи се инструменти на смртта.

Второ, проблемите во дефинирањето на химната, на грбот и на знамето го нагласуваат расчекорот меѓу погледите на хистеризираната мнозинска заедница на Македонците и растежот на моќта на другите групации, пред се, на Албанците. И повторно, таквиот карактер на работите се користи за растеж на конфликтноста, а не за хармонизација на општеството со вистината за себе односно со стварноста.

И, конечно, власта на вмро може да прави лулашки и детски игралишта, колку сака, но, на генерален план таа власт е пластична кеса врз главата на нацијата. Или пулирапид и солна киселина врз „ѓаволската” творба, оценка на некоја српска попска будала, која нашите комити во длабочината на своето бездушие ја споделуваат и се трудат да ја одлепат нацијата од тој ѓаволски односно вештачки статус. Затоа Мицкоски рече дека македонското прашање е отворено. Отворено е за да се испразни, да истече, да остане без супстанца.

Тоа е единствената причина за блокадата на уставните промени и преговарачката рамка.

Тие се атентатори.

Македонија е тоа што пред 120 години бил Гвадалкивир.

Во однос на соседите мораме да се соочиме со вистината дека суштината на проблемите е на наша страна.

Ние сме проблемот.

Тоа не значи дека Бугарија или Србија и Грција се чисти. Не, само значи дека Македонија е проблем- статус од кој самата мора да се ослободи.

За почеток, доволно е да го прочита вмро!


Преземено од Фронтлајн. Текстот е личен став на авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Вуди АленХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ