• Latest

Зошто одбрав да бидам сонувач и да гласам на претстојниот референдум?

September 27, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто одбрав да бидам сонувач и да гласам на претстојниот референдум?

September 27, 2018 11:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Како млад човек кој неуморно верува во многу подобра и поквалитетна иднина за сите нас, нема да се мислам ниту за миг и в недела на 30-ти септември  ќе излезам, за да гласам на претстојниот референдум.

Мартин Дувњак

Има време кога да се прави ајвар, има време кога да се одигра  партија  фудбал, има време за прошетка во Градскиот парк или на Матка. Има време буквално за сè…Но, никако нема време за да се повтори можноста да се учествува и одговорно да се  партиципира во референдумот, кој има историско значење.

Нема да има време (ќе биде доцна кога ќе се затворат гласачките кутии во 19 часот)  допрва да се одговори на прашањето: дали сакаме да останеме “заглавени“ во минатото, или пак, треба забрзано да одиме напред. Кон подобра иднина, со поголеми шанси за просперитет, кон некои заборавени вредности. Доцна ќе биде. Ќе помине возот!

Нема да останам дома, бидејќи не гледам ништо поважно од тоа  да излезам и да гласам тој ден. И тоа не било каде, туку својот глас ќе го дадам во  една од училниците во ОУ „Браќа Миладиновци“, каде ги поминав најбезгрижните денови од моето детство кога бев основец. Кога сите бевме невини и безгрижни дечиња со многу соништа во кои верувавме. Мојот сон беше да станам познат фудбалер, а мојот брат близнак Стефан сонуваше и веруваше дека ќе стане музичар, сепак двајцата наместо фудбалер и музичар завршивме Правен факултет и станавме правници.

Ќе го искористам моето право на глас, затоа што мислам со своја глава, а не затоа што така ме советуваат политичарите. Првенство заради себе, моето семејство, пријателите, познаниците, заради мојот народ. Затоа што знам дека можеме и заслужуваме повеќе и подобро. Имаме еден живот, а не неколку резервни. Не смееме да си го дозволиме тој луксуз, па да си го трошиме овој „едниов“ во бесперспективност и безнадежност. Да погодуваме и да чекаме кој ќе биде следниот другар или другарка од нашата генерација што ќе си замине надвор, барајќи го своето место под европскиот чадор.
Во Германија, Шведска, Норвешка… Каде било на Земјината топка, бидејќи верува дека секаде е „подобро од овде“.

Одбивам да бидам дел од онаа аморфна група на луѓе, партиски отруена и изманипулирана, уморна од лаги и измами, незаинтересирана, без јасен став и убедување. Од оние прерано уморни и разочарани млади луѓе, кои не веруваат дека со својот глас и одлука може да влијаат врз општествените текови. Кои оставаат некој друг во нивно име да преземе одговорност за прашање, кое не засега буквално сите.

На крајот на денот, не сакам да припаѓам на луѓето кои во  секое решение бараат проблем, туку напротив, кои се соочуваат со проблемите  и ги решаваат.

Во недела, на 30-ти септември ќе излезам и ќе гласам на претстојниот референдум, затоа што сакам да допринесам во остварување на идејата во која верувам. Затоа што верувам дека и мојот еден глас е важен и води кон патот за  подобра иднина за сите нас. Сега е време секоја генерација да покаже зрелост и прагматичност, а особено онаа нашата родени во „деведесеттите“ кога исто така се носеле крупни одлучи и се одлучило да имаме  самостојна држава. Не сакам да звучи како клише,а уште повеќе како неостварлив сон, но верувам дека ќе ни се отворат нови перспективи и хоризонти, за кои дури и не сме знаеле дека постојат. Верувам дека еден ден ќе станеме „нормална држава“ и  дека ќе се оствари она што учевме на факултет- да добиеме функционална правна држава, со еднакви можности за сите, со еднакво почитување и примена на законските прописи за сите, држава на задоволни и среќни луѓе, држава во која ќе се вратат насмевките на лицата на луѓето.

Како млад човек кој верува дека во животот мора да се има изграден став и мислење за многу теми, одбивам да бидам нем посматрач и отстрана пасивно да ги набљудувам процесите кои директно ќе се рефлектираат на мене, на моите деца утре, нивните деца и идни генерации.

Одбирам владеење на право, наместо криминал и корупција. Одбирам зајакната контрола, наместо самовластие. Одбирам отворање и перспектива, наместо изолација. Одбирам да живеам, наместо да преживувам. Одбирам нови можности и проширен пазар на труд, наместо партиски книшки и неквалитетни луѓе на сериозни позиции. Одбирам да живеам во држава во која ќе сакам да живеам, наместо држава во која од петни жили се повеќе млади се трудат да избегаат.

Верувам дека претстојниот референдум е последна и единствена можност да се качиме и да резервираме место во експрес возот кој вози низ Европа. Да ги оставиме нашите стари и руинирани возови, полни со корумпирани и злобни патници. Празни лица, кои се уморни да сонуваат, со одземени амбиции, со уништена енергија, манипулирани, раскарани, изгорени во надежта за подобро утре.

Оваа колумна ќе ја завршам со една генијална мисла на познатиот ирски писател Оскар Вајлд, а во контекст на важноста и суштината на претстојниот референдум и неопходноста секој  да го изрази својот став и мислење „Сите  сме во калта, но некои од нас гледаат во ѕвездите“.


Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Share233TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ