• Latest

Цветаноска: Новинарите треба да се изборат за своите права

February 19, 2018

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Цветаноска: Новинарите треба да се изборат за своите права

February 19, 2018 14:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Гордана Цветаноска, новинарка и сопственичка на Радио „Пела“ од Прилеп, во разговор со ЦИВИЛ Медиа, изјави дека за своите права и слободи новинарите треба сами да се изборат, а медиумите финансиски да се осамостојат.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување и слободата на медиуми?

Цветаноска: За мене лично како новинарка слободата на изразување и слободата на медиумите, барем во овој 21 век е нешто за кое не треба човек да се бори како основно човеков право. Меѓутоа кај нас во Македонија соостојбата е поинаква. Не зборувам за овој момент во 2018 година, туку зборувам за наназад 26 години. Зошто? Затоа што основниот проблем за слободата на медиумите е начинот за финансирање. Ова го зборувам и од позиција на основач на најмладиот медиум во регионот, радио „Пела“, а и од позиција на новинарка. Тоа е основната пречка поради која нема доволно слобода на изразување и слобода во медиумите. Финансирањето на медиумите мора еднаш за секогаш во Македонија да се реши.

ЦИВИЛ Медиа: Дали сте се соочиле со притисоци од бизнис или полтичките центри на моќ и како сте се справиле со нив?

Цветаноска: Имало и секогаш ќе има притисоци. А како ќе се справиш со тие притисоци, зависи и од самиот новинар. Кога станува збор за сопственикот на медиумот зависи од тоа дали знае да го „искористи“ тој притисок или пак не. Новинарот секогаш има, заради личната определба, можност да го избегне притисокот, но тој секогаш ќе падне какотовар на некој туѓ грб, на некој негов колега.  Секогаш ќе има притисоци, но останува на личниот професионализам како новинарите ќе се носат со нив. Тоа уште еден проблем за кој многу малку се зборува. Ние заеднички треба да се избориме и да се спротивставиме со притисоци.

Незма како тоа ќе успее, но тука е нели и Здружението на новинарите на Македонија, кое треба да се грижи за остварување на нашите права.

ЦИВИЛ Медиа: Што е потребно да се сочува и одбрани слободата на медиумите? 

Цветаноска: Потребна е подобра организација на локално и државно ниво и од новинарите и од сопствениците на медиумите. Потребно е да се избориме за правата кои ни следуваат. Пред сè  слободата на изразување и можноста за критика… Ние треба да вршиме притисок врз државата за да ги постави систематски работите на свое место.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Гордана ЦветаноскаПрилепслобода на изразувањеслобода на медиуми
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ