• Latest

Коциќ: Граѓаните не веруваат во тврдењата на Министерството!

May 3, 2017
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коциќ: Граѓаните не веруваат во тврдењата на Министерството!

May 3, 2017 15:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од промоцијата на проектот „Општество без граници“ во Велес, ЦИВИЛ Медиа разговараше и со претседателот на граѓанската организација „Вила Зора“, Ненад Коциќ. Тој ни одговараше на прашањата за предизвиците со кои се соочува велешкиот регион во областа на социјалната правда и на екологијата.

Сиромаштијата, невработеноста и ниските примања се најголемите проблеми со кои се соочуваат велешани, смета Коциќ. „Нашите намери како организација се да изнајдеме начин како преку решавање на еколошките проблеми да се намали проблемот со невработеноста. Карактеристичен пример за тоа е собирањето на пластични шишиња“, вели Коциќ, претставувајќи еден од начините на кои може да се поврзе екологијата и социјалната правда.

Резултатот од тоа се многу семејства кои живеат од оваа активност и ниту едно пластично шише по улиците во Велес.

„Како резултат на 30-годишната работа на Топилницата, денес голем проблем е загаденоста на почвата, која е загадена од тешки метали. На тој начин се загадува и зелената храна која ја произведуваме, а која не се користи само во Велес“, појаснува Коциќ кој апелира државата да изврши деконтаминација на почвата, од што сите ќе имаат бенефит.

„Пред неколку години предложивме измени во Законот за животна средина и побаравме сите објекти од тешка индустрија да бидат градени на најмалку 5 километри од населените места. Ова е еден од начините на кои може населението да се заштити од опасната индустрија, со физичко дистанцирање“, ни одговори на Коциќ на прашањето – дали на сметка на нови работни места треба да се жртвува животната средина или постојат начини да се заштитат двете сфери?

„Во момент кога Министерството за животна средина гарантира дека рудникот во Гевгелија е безбеден, резултатот на референдумот покажува дека граѓаните не му веруваат на Министерството кое постои да ја заштити животната средина. Проблемот е во институцијата во која граѓаните не веруваат! Истото се случи и во Велес, и кај нас гарантираа дека ако се рестартира Топилницата ќе биде под надзор, но ние поради дотогашното искуство и борбата со институциите повеќе од 20 години, не го дозволивме тоа“, смета активистот Ненад Коциќ.

 

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: „Вила Зора“екологијаживотна срединаНенад Коциќпочвасоцијална правда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ