• Latest

Џемаили: Направивме сè што можеме!

July 25, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џемаили: Направивме сè што можеме!

July 25, 2017 14:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Љуљзим Џемаили, директор на студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“, во текот на интервјуто со Љавдие Калеши, изрази желба за ЦИВИЛ Медиа, да ја раскаже и својата страна од приказната.

На обвинувањата дека ги бркал жените сместени во домот по поплавите, и им нудел недостоинствени услови за престој во други простории, Џемаили одговори дека тој направил сè што е неопходно за трите жени кои живеат во домот од минатата година.

Џемаили тврди дека е неправедно обвинет од Љавдие Калеши, која со нејзината мајка и со уште една постара жена за која се грижи, живеат во домот скоро една година. Реновирањето на студентскиот дом мора да завржи до почетокот на учебната година, а тој како директор нема никакви ингеренции за нивниот случај.

Џемаили ги посочи Владата и Министерството за труд и социјална политика, како институции кои од почетокот се одговорни за лицата што настрадаа во поплавите.

„Ние направивме сè за нив, и не сме ги оставиле на улица! За да ги ‘бришам’, за да ги избркам, секогаш имам услови… Се јавија од сите страни и им потенцирав дека не се оставени на улица, понудени им се простории со услови, но не сакаат да излезат. Моите работни активности никој не може да ги спречи!“, изјави Џемаили за ЦИВИЛ Медиа, на прашањето колку има вистина во изјавата на Келеши дека се заканил принудно да ги исели со полиција.

Од Министерството за труд и социјална политика изјавија дека се запознаени со случајот, но и дека не се надлежни.

Министерството за образование и наука се заложило на лицата што престојуваат во студентскиот дом да им се продолжи рокот за престој, зашто, трите „жителки“ требаа да го напуштат до 15 јули.

„Известени сме за случајот. На наше барање, од домот добивме одговор дека поради градежни работи, на луѓето им се понудени други простории за престој. Ги прашавме дали станува збор за иселување, и ни одговорија дека само ќе бидат преместени“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Владимир Дејлов од Министерството за образование. Според него, доколку од 1 септември нема услови за престој до домот, решавањето на нивниот статус се враќа во ингеренциите на Министерството за труд и социјална политика.

 

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: владаЉавдие КалешиЉуљзим ЏемаилиМТСПодговорностстудентски дом
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ