„Некои луѓе ми се заканија, по објавување на текстот за можни злоупотреби на службената положба на поранешниот министер за правда и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, во кој пишува дека додека бил градоначалник, му овозможил на неговиот шеф на кабинет, Бекир Муамеди, да добие тендер во вредност од 810 000 евра“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Елида Зилбеари, од порталот на албански јазик „Порталб“.
Таа додаде дека ништо повеќе не може да каже, бидејќи се води постапка и дека случајот е пријавен во полиција.
За случајот се известени и Здружението на новинари и во Делегацијата на Европската унија во Скопје.