Петрус Тоинес, тим-лидер на Цивика Мобилитас, зборува за ЦИВИЛ Медиа за Граѓанската повелба.
„Мислам дека Граѓанската повелба е многу добра иницијатива и во основа го изразува сето она што сакаме да го постигнеме кога зборуваме за човекови права и основни слободи. Ја сметам за многу инспиративна, бидејќи сè што правам во животот е поврзано со човековите права и слободи, без разлика дали зборуваме за правото на здружување, правото да зборуваме гласно, правото да имаме сопствен став, правото на независни медиуми, слободни медиуми без мешање на властите… Мислам дека е многу добро да постојат овие принципи, но исто така. мислам дека тие треба да бидат заштитени“, изјави Тоинес на денешната уметничка работилница „Враќање на слободата„, која се одржа во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во Градскиот парк во Скопје, како дел од светската кампања „Проговори!“.