• Latest

Успешен референдум, ЦИВИЛ нотира помали нерегуларности

April 24, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Успешен референдум, ЦИВИЛ нотира помали нерегуларности

April 24, 2017 10:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудуваше спроведувањето на референдумот во Гевгелија на 23 април 2017 година. Референдумското прашање беше „Дали сте за или против отворање на рудници за метали и минерални суровини на територија на Општина Гевгелија“, а на него можеа да одговорат 19,363 регистрирани гласачи на општината.

Референдумот е успешен и беше спроведен во мирна атмосфера без поголеми проблеми и нерегуларности, а започна со навремено отворање на сите 37 избирачки места.

Граѓанската иницијатива „Спас за нас“ објави дека дури 99,1 отсто од граѓаните што излегле на референдумот во Гевгелија се изјасниле дека се против доделување концесија за експлоатација на минерални суровини на територијата на нивната општина. Неофицијално гласале 13.300 граѓани или 69 отсто од запишаните во избирачки список, од кои само стотина граѓани се изјасниле дека се за отварање рудници.

Сепак, мониторинг-тимот на ЦИВИЛ регистрира повеќе помали нерегуларности во целиот процес, како и на самиот ден на изјаснување на граѓанките и граѓаните.

Најсериозните забелешки одат на адреса на надлежните институции, поточно на Општинската изборна комисија. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ документира повеќе случаи на потполна неинформираност на гласачите, а во целост, може да се забележи недоволно ангажирање на ОИК за навремено и квалитетно информирање на локалната јавност за референдумот.

Забележани се и помали пропусти во работата на избирачките одбори, УВ-ламбата не работеше на две избирачки места, како и три случаи на групно гласање. Се бележат и проблеми со Избирачкиот список, односно, повреда на гласачкото право. Дел од гласачите не можеа да се најдат на Избирачкиот список.

Тоа се клучните забелешки на набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода за текот на референдумот во Гевгелија до 19 часот.


ЦИВИЛ за денот на изјаснување беше отворен за пријавите од граѓанките и граѓаните, како и за прилози од граѓанските новинари. Пријавите за нерегуларности сè уште може да се поднесуваат на телефонските броеви: 078/746-138 и 077/691-526, а на располагање е и веб страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности.

Во оваа прилика, ги потсетуваме граѓанките и граѓаните дека ЦИВИЛ неодамна објави и онлајн Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација. Пријави може да се поднесуваат и преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.

ЦИВИЛ ќе ги достави пријавите до Општинската изборна комисија во Гевгелија, а за текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, прилози на веб страницата ЦИВИЛ Медиа и информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги следеше подготовките за референдумот од првиот момент кога советниците во Општина Гевгелија едногласно одлучија за негово спроведување.

Tags: бакарголема излезностзлатоизбирачки списокОИКреферендумрудници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ