• Latest

Викендов, тимовите на ЦИВИЛ – во Битола, Ресен, Струга и Охрид!

April 27, 2017

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Викендов, тимовите на ЦИВИЛ – во Битола, Ресен, Струга и Охрид!

April 27, 2017 16:06
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со своите активности низ целата земја. Во наредните 48 часа (петок-сабота, 28 и 29 април), тимовите на ЦИВИЛ ќе гостуваат и работат во Битола, Ресен, Охрид и Струга. Ќе се спроведуваат активности во рамките на „Граѓански објектив“ – проект за транспарентни и одговорни политички процеси со кој се мобилизираат граѓански новинари и „Општество без граници“ – проект за афирмација на човековите права, социјалната правда и екологијата и за промоцијана „Граѓанската повелба“. 

Утре (петок во 12 часот) ЦИВИЛ ќе одржи јавна презентација на проектот „Општество без граници“ во Битола, на плоштадот „Магнолија“. Преку проектот се промовира „Граѓанската повелба“ – глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување, со кое се јакне и јавната свест за социјалната правда и екологијата во Македонија и во светот.

На инфо-штандот на ЦИВИЛ ќе се потпишува и изјава за поддршка на „Граѓанската повелба“, како и фото и видео петиција.

Истиот ден, младите од Битола и Прилеп ќе имаат можност да учествуваат на работилницата за граѓанско новинарство, од 16 до 18 часот, во Хотелот Театар.  Работилницата ќе им овозможи на учесниците теоретско запознавање со истражувачкото новинарство, со граѓанскиот активизам, со онлајн активизмот и со предностите на новите технолошки придобивки.

Подоцна, во текот на вечерта, битолската јавност ќе може да го проследи и уличниот настан “Street Media”, за презентација на проектот “Граѓански објектив”, посветен на граѓанското новинарство, пред Офицерскиот дом, со почеток во 20 часот. На оваа презентација ќе се проектираат прилози од граѓански новинарки и новинари, а присутните ќе може поблиску да се запознаат со активностите на ЦИВИЛ, во овој, и во други проекти. Настанот ќе биде проследен и со диџеј сетови на ЦИВИЛ-ите.

Во Ресен, на 29 април (сабота),  со почеток во 10:30, тимот на ЦИВИЛ ќе разговара со претставници на граѓанското општество за социјалната правда и за екологијата, како дел од активностите во проектот „Општество без граници“.

Во сабота, промоцијата на проектот „Општество без граници“ и на „Граѓанската повелба“, ќе продолжи на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 12 часот, со инфо штанд, со фото и видео-петиција, како и со потпишување поддршка на „Граѓанската повелба“.

Истиот ден, во 15:30 часот, активностите продолжуваат во центарот на Струга, каде, исто така,  ќе биде поставен инфо-штанд, на кој граѓанките и граѓаните можат да се информираат за Повелбата, да ја поддржат со потпишување или со фото и видео-петиција.

Општество без граници се спроведува во соработка со Фондација „Хајнрих Бел“.

Б. Јордановска

Tags: „Општество без граници“Граѓанска повелбаграѓанско новинарствоработилница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ