• Latest

„Граѓанската повелба“ – прв чекор за општество без граници

April 21, 2017
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Граѓанската повелба“ – прв чекор за општество без граници

April 21, 2017 15:21
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка на Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија започна со проектот „Општество без граници“ со цел промовирање и едукација на граѓан(к)ите за граѓанската повелба, но и мотивирање за нивно активно вклучување во донесувањето на политичките одлуки на локално и национално ниво.

На осмата годишна конференција „Глобални перспективи“ во Берлин минатата година, на која присуствуваа извршните директори на меѓународни граѓански организации се промовираше „Граѓанска повелба“, документ за правото на граѓаните во формирањето на општествата во кои дејствуваат. Промовирањето на таа повелба низ Македонија, е дел од проектот „Општество без граници“ што го спроведува ЦИВИЛ.

Првото претставување на „Граѓанската повелба“ и промоцијата на документот на македонски, албански, турски, српски/хрватски, влашки и ромски јазик, се случи вчера, точно напладне, во Гостивар,  во присуство на медумите и на претставнци на граѓанското општество од овој регион.

Деталната презентација на „Граѓанската повелба“ опфаќаше и информирање на граѓанките и граѓаните на Гостивар и нивна можност за потпишување и поддршка на заложбите за заштита на основните човекови права и слободи, пред сè, во областа на социјалната правда и заштита на работничките права, како и грижата и заштитата на јавниот простор и на животната средина.

Граѓанките и граѓаните имаа можност својата порака да ја пренесат со фото и видео петиција и на тој начин побргу да ја прошират информацијата и пораката до јавноста.

Тимот на ЦИВИЛ Медиа направи анкета на тема социјална правда во гостиварскиот регион. Алармантната состојба која ни ја претставија анкетираните граѓанки и граѓани уште повеќе посочи на потребата од  разговор и на преземање конкретни чекори во подобрување на социјалните политики во Македонија.

Во разговорот со Мухамед Точи, претставник на невладината организација „Месечина“, теми беа социјалните права на Ромите. Интервјуто дополнително ќе биде објавено на civilmedia.mk и greencivil.mk.

„Граѓанската повелба“ може да се потпише и онлајн на civiccharter.org.

Б. Јордановска

Tags: ГостиварГраѓанска повелбаекологијасоцијална правдаФондација Хајнрих БелЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ