• Latest
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026 16:24
in АНАЛИЗИ, ГЕОПОЛИТИКА, ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

SNAPSHOT | Средбата на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија означи извесно обновување на непосредниот политички дијалог, но без суштински резултат. Преведено од дипломатскиот речник, констатацијата дека „нема приближување на позициите“ открива многу подлабок проблем – тешко е да се приближат позиции што се поставени на сосема различни основи. Тоа станува уште поочигледно кога ќе се земе предвид дека поводот за директна комуникација беше Коридорот 8, проект што добива сè поголемо значење не само за регионот, туку и за европската безбедност. Додека се отвораат нови геополитички можности за сите останати, Скопје останува заглавено, без напредок во пристапните преговори со ЕУ. Постапките и јавните настапи на највисокото политичко и дипломатско раководство оддаваат слика на случајни, несмасни и неинформирани ликови, изгубени во комплексната реалност во која се наоѓа регионот и Европа. Застојот најчесто ѝ се припишува на неисполнетата обврска од 2022 година, дополнително оптоварена со недоверба и поларизација, националистички наративи и долгогодишна конфронтација на внатрешен и надворешен план. Но не се работи само за тоа. Но изгледа залудно и да се говори за тоа, бидејќи широката слика е премногу сложена задача за оние што креираат и спроведуваат политики во земјата.


Софија на 8 октомври 2026 година беше домаќин на меѓународна министерска конференција посветена на Коридорот 8, со учество на претставници на Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Италија, Европската комисија и други меѓународни партнери. Настанот ја потврди растечката геополитичка важност на инфраструктурното поврзување меѓу Јадранското и Црното Море. Но, на маргините на конференцијата се одвиваше и дипломатски разговор со непосредни последици за европската перспектива на Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова, по дипломатска иницијатива што следеше по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје, на 2 октомври. Според премиерот Христијан Мицкоски, токму Фон дер Лајен го советувала да побара директен разговор со Софија, како можност за обновување на дијалогот.

Средбата се одржа, но суштинските несогласувања останаа. Муцунски оцени дека разговорот бил конструктивен, но призна дека позициите на двете земји за клучните прашања остануваат далечни. Петрова-Чамова потврди дека Бугарија го поддржува европското членство на Северна Македонија, но очекува исполнување на обврските од европскиот консензус постигнат во 2022 година. Бугарската страна побара и информации за временската рамка во која Скопје планира да ги исполни тие обврски. Не е јавно соопштено дали македонската страна претставила таква временска рамка, ниту дали Владата воопшто има утврдено конкретен план и рокови за исполнување на обврските. Сепак, договорено е комуникацијата да продолжи, вклучително и за акцискиот план за заштита на малцинствата.

Дел од разговорите беше и случајот на Ива Михајлова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, која бара лекување во Бугарија. Муцунски посочи дека извршната власт не може да интервенира во судската постапка, но изрази подготвеност бугарски лекари да бидат вклучени во медицинска консултација. Овој дел од разговорите покажа простор за практична соработка, без да се надминат политичките разлики.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Коридорот 8 добива нова геополитичка улога

Главната порака на конференцијата беше дека Коридорот 8 веќе не е само регионален транспортен проект. Тој е дел од пошироката европска стратегија за економска отпорност, енергетска безбедност, диверзификација на транспортните правци и воена мобилност.

Руската агресија против Украина и зголемените безбедносни ризици во Црноморскиот регион дополнително ја истакнаа потребата од сигурни транспортни врски меѓу источното и западното крило на Европа. Во овој контекст, еврокомесарката за проширување Марта Кос го постави инфраструктурното поврзување во рамките на европската стратешка автономија и безбедност.

Европската комисија го третира источниот железнички дел на Коридорот 8 во Северна Македонија како стратешки проект во рамките на Global Gateway. Делницата од Куманово до бугарската граница е долга приближно 88 километри, а првата фаза до Бељаковце беше завршена во декември 2024 година.

Во Софија беше најавено продолжување на министерските разговори во Скопје, додека за 2027 година Бугарија и Европската комисија подготвуваат поширок форум за регионална поврзаност.

За Скопје, пораката е двојна. Северна Македонија има важно место во европската транспортна и безбедносна архитектура. Истовремено, нејзиното учество во стратешките инфраструктурни проекти не претставува замена за исполнување на условите во пристапниот процес.

Што останува нерешено од 2022 година?

Во јули 2022 година, Советот на ЕУ ја одобри Преговарачката рамка со Северна Македонија. На 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција, со што официјално започна воведната фаза на пристапните преговори. Скринингот беше завршен во декември 2023 година.

Но, заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година содржат конкретна обврска: уставно признавање на граѓаните што припаѓаат на други народи, вклучително и Бугарите. Во предлогот за уставни измени од 2023 година беа опфатени и хрватската, црногорската, словенечката, еврејската и египќанската заедница.

Советот предвиде дека следната меѓувладина конференција ќе се одржи без дополнителна политичка одлука по исполнувањето на уставната обврска. Отворањето на кластерот „Темели“ е поврзано и со исполнувањето на релевантните реформски критериуми.

Владата предводена од Христијан Мицкоски го условува спроведувањето на уставните измени со дополнителни гаранции дека Бугарија нема повторно да го блокира европскиот пат на Северна Македонија. Недовербата кон Софија има основа во претходните билатерални спорови и блокади. Меѓутоа, барањето гаранции за евентуални идни постапки на Бугарија не го менува фактот дека Северна Македонија има конкретна, веќе прифатена обврска од 2022 година, чие исполнување е услов за продолжување на пристапните преговори.

Се работи за политичка манипулација. Можноста за идни блокади се претставува како оправдување за неисполнувањето на веќе договорен услов. Со мешањето на две суштински различни прашања, одговорноста за сегашниот застој се префрла врз Софија и Брисел, а од јавниот и политичкиот дискурс се истиснува клучниот факт дека следниот чекор во пристапниот процес зависи од спроведувањето на уставните измени во Скопје. Така, неизвесноста за можните идни условувања станува аргумент за продолжување на застојот. И притоа, постојано се укажува на „билатерализација“, а силно се затвораат очите пред клучниот предуслов за напредување низ интеграцискиот процес – добрососедските односи. Тие се вградени како хоризонтален и суштински предуслов.

Тој предуслов ќе го најдете насекаде. Добрососедските се дел од Општите принципи (Преговарачка рамка). Напредокот или назадувањето во оваа сфера директно влијае врз брзината на движење кон членството во ЕУ. Поврзан е и со првиот кластер „Темели“ (Fundamentals), кој се отвора прв и се затвора последен, а оценката за политичките критериуми (каде што спаѓаат регионалната стабилност и решавањето на билатералните спорови) ја диктира динамиката на сите останати кластери. А за секоја земја има и специфични поглавја надвор од кластерите како што е Поглавјето 35 „Други прашања“ поврзани со соседите или територијални спорови. На пример, за Србија, ова поглавје ја содржи нормализацијата на односите со Косово. Во случајот на Северна Македонија, обврските од билатералните договори (како Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија) се следат преку општите принципи и годишните извештаи за напредок на Европската комисија. Конечно, тоа има и поширока контекстуална поврзаност со Кластер 6 „Надворешни односи“.

ЕУ не сака да увезува нерешени билатерални проблеми. Добрососедските односи не се прашање што може да се „штиклира“ во едно поглавје, но затоа претставуваат генерален политички критериум кој мора да се одржува во текот на целиот преговарачки пат.

Незадоволството на Мицкоски од политиката – предавството, како што го нарекува – на поранешниот премиер Зоран Заев, или неговиот отворен етнички мотивиран презир кон Бујар Османи, нема да ѝ помогнат на земјата да тргне од мртвата точка.

Постапките и јавните настапи на највисокото политичко и дипломатско раководство оддаваат слика на случајни, несмасни и неинформирани ликови, изгубени во комплексната реалност во која се наоѓа регионот и Европа.

Дипломатското наследство од 2022 година

Во јавните настапи на низа политички функционери, вклучително и премиерот, како и на разни „експерти“ и партиски гласноговорници, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи се споменува во крајно потценувачки тон и со нескриена етничка конотација – со порака дека Албанец не може да преговара со друга земја за државни прашања. Меѓутоа, фактите покажуваат дека токму Османи беше еден од главните носители на дипломатскиот процес во критичниот период на преговорите со Бугарија и европските институции во 2022 година, што доведе до усвојување на Преговарачката рамка и формално отворање на пристапните преговори со ЕУ.

Еден од конкретните резултати беше употребата на македонскиот јазик без дополнителни квалификации во официјалната соработка со ЕУ. Договорот со Фронтекс, потпишан во октомври 2022 година, претставуваше важна практична потврда на тоа решение.

Османи доследно ги застапуваше македонските позиции, вклучително и со цврстиот став дека историските прашања треба да останат предмет на билатерален дијалог, а не да се претворат во поединечни критериуми за отворање и затворање на преговарачките поглавја. Неговата улога во постигнувањето на компромисот заслужува признание, а не дискредитации и омраза, независно од партиските поделби и критиките за тогашната влада.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Медиумските наративи и пропуштениот контекст

Домашното медиумско известување за Софија во најголема мера е фокусирано врз изјавите на министрите, барањата за гаранции и оцените дали средбата била успешна. Дел од медиумите, вклучително и Дојче веле, ја објаснија врската со обврските од 2022 година. Сепак, во поширокиот јавен дискурс често недостасува контекстот. Останува нејасна разликата меѓу поимите што е билатерален спор и како тоа се (зло)употребува во политиката, како и тоа што навистина претставува формалната преговарачка рамка на ЕУ.

Тоа не е нов проблем. ЦИВИЛ со години ги следи, документира и анализира дезинформациите, националистичките наративи и хибридните операции насочени против европската интеграција на Северна Македонија. Уште во 2022 година, за време на расправата за Преговарачката рамка, мониторингот на ЦИВИЛ ги регистрираше пропагандните кампањи, манипулациите со идентитетските прашања, говорот на омраза и политичката радикализација. Во бројни извештаи, анализи и јавни предупредувања, ЦИВИЛ укажуваше дека за создавањето и одржувањето на токсичниот јавен амбиент не се одговорни само националистичките и проруските политички актери, туку дека кон него придонесуваат и дел од медиумите, експертските и граѓанските структури што се претставуваат како проевропски, вклучително и структури со значителна финансиска поддршка од европски и други западни донатори.

Ова не докажува координирана пропагандна активност, но отвора прашања за ефектите од меѓународната поддршка и одговорноста на организациите што влијаат врз јавната дебата.

Во тој контекст, ЦИВИЛ – Центар за слобода претставува документиран пример за поинаков пристап. Организацијата континуирано објавува анализи, истражувања, проверки на факти и препораки за европската интеграција, меѓуетничките односи, дезинформациите и злоупотребата на идентитетските прашања.

Меѓу големиот број релевантни прилози се и анализата за дезинформациите и теориите за „бугаризација“ од 2023 година, едиторијалот за рационална дебата за уставните измени од мај 2026 година и анализата на дипломатското наследство на Османи од јули 2026 година.

  • Ретроспектива: Патот до ЕУ „поплочен“ со антиевропска и националистичка пропаганда — 2022.
  • Гмечење на државата — 4 април 2026, за хибридното влијание и улогата на политичките, медиумските, академските и граѓанските структури.

Овие публикации ја нагласуваат потребата од информирана дебата, заштита на идентитетот и правата на сите заедници, почитување на меѓународните обврски и спротивставување на манипулациите. Таквиот пристап покажува дека граѓанското општество и медиумите можат да придонесуваат за надминување на конфронтациите, наместо за нивно продлабочување.

Дел од токсичниот јавен амбиент се и долгогодишните напади врз новинари, аналитичари и бранители на човековите права, на кои врз етничка основа им се оспорува легитимитетот да говорат за државни и национални прашања. Таквите напади се дел од обидите да се постават етнички граници на јавната дебата. За жал, во овие долготрајни кампањи на етничко исклучување учествуваат и дел од медиумите, академската заедница и граѓанските организации. Во мултиетничко општество, чија европска перспектива (треба да) се темели врз еднаквоста, демократијата и човековите права, ваквите практики ја продлабочуваат недовербата, ја поткопуваат општествената кохезија и можат да остават долгорочни последици врз стабилноста и перспективите на земјата. И ова е длабоко сериозно, иако некој ќе го прочита само како уште една новинарско-коментаторска флоскула со краток рок. Не е тоа.

Цената на застојот

Последиците од бескрајното одложување на конкретни одлуки веќе одамна се видливи. Албанија, за која Мицкоски тврдеше дека е далеку зад Северна Македонија во процесот, во 2022 година ја започна пристапната фаза заедно со Северна Македонија, до октомври 2026 година ги отвори сите шест преговарачки кластери и привремено затвори три поглавја. Северна Македонија сè уште го нема отворено првиот кластер.

Уште еднаш, уставните измени не се единствениот предизвик. Европската комисија постојано укажува и на потребата од резултати во владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и институционалните реформи. Ние можеме да додадеме уште низа други предизвици со кои се соочуваат луѓето во оваа земја чиј поглед е свртен кон Европа, додека чекаат Мицкоски да излезе од ровот пред – сега и ширум – отворените врати на ЕУ.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: ЕУкоридор 8Мицкоскинационализампопулизампреговарачка рамкаСофија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ