• Latest

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026

Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

Доволно е да се следи Мицкоски во само три дена, за да се открие неговата формула: дома – националистичка мобилизација, пред Брисел – европска реторика, во суштина – блокада.

May 12, 2026 19:09
in ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Ако се согласиме дека политиките на Христијан Мицкоски и неговата влада не се неуспех, туку план, тогаш останува само прашањето каде нè води тој план. И во најновите изјави и дипломатски активности на премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, одговорот останува подеднакво јасен како и досега: планот не води кон Европската Унија, туку кон контролирана изолација, завиткана во историја и празни декларации за „европска иднина“. Да се тврди спротивното денес значи едно од три: неинформираност, наивност или свесно затворање очи.

Во само три дена може да се види целата политичка формула на актуелната власт. На 10 мај, Мицкоски во Пустец, Албанија, одржа говор на откривање споменик посветен на македонски борци од Втората светска војна, во кој зборуваше за „бугарскиот фашистички окупатор“, за македонската вистина, јазик, корени, национално тело и за должноста „борбата“ на предците да продолжи „со нови средства“. Во истиот говор порача дека Македонија стои покрај својот народ каде и да е, дека е потребно единство околу националните интереси и дека народ без меморија е народ без иднина.

Во исто време, тоа беше и порака кон Атина. Симболот на Вергина на обелискот што Мицкоски го промовираше во Албанија не е декоративен детаљ, туку свесен политички знак. Во момент кога земјата треба да докажува европска зрелост, почитување на меѓународните договори и способност да ги затвора споровите, премиерот повторно отвора фронтови – не само кон Софија, туку и кон Атина. Така, една комеморација се претвора во геополитички перформанс: дома да се нахрани националистичкиот наратив, надвор да се испратат провокации, а ЕУ-процесот да остане заложник на контролирани тензии.

При сето тоа, нејасна останува неговата улога при посетата на Албанија: дали настапуваше како премиер на држава членка на НАТО, како партиски лидер на националистичка мобилизација, како дипломат што отвора нови канали на соработка – или како турист во сопствената историска фантазија. Како ова ќе го прочита официјална Тирана, и дали ќе има последици, останува да се види. Но токму тука е цинизмот на оваа политика: секоја можна реакција однадвор може однапред да се претвори во гориво за домашниот популистички наратив – дека Мицкоски е „под притисок“ затоа што, наводно, ја брани „гордата Македонија“.

Сам по себе, говор за историско сеќавање не мора да биде проблем. Ни најмалку. Но во овој политички контекст, изборот на зборови, местото, моментот и пораката се повеќе од комеморација. Тоа е сигнал. Не кон Пустец, туку кон Скопје. Не кон историјата, туку кон сегашноста. Не кон жртвите од минатото, туку кон живата политичка операција со која уставните измени се претвораат во национален ров, а Европската Унија во туѓ диктат.

Тоа е суштината на стратегијата: Бугарија повторно да се претстави како главен непријател, додека вистинската обврска – онаа од европската преговарачка рамка – се турка во токсична магла. Тука клучот не е Софија, туку Брисел; не е билатералниот спор, туку европската процедура што Северна Македонија веќе ја прифати. Вклучувањето на бугарската, заедно со други заедници во Уставот, не е подарок за Бугарија, не е понижување и не е капитулација, туку формален услов во процесот на пристапување кон ЕУ. Откако рамката беше прифатена, прашањето стана европско – правно, политички и процедурално. За ова веќе пишував во „Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат“.

Токму затоа, изјавите на Венко Филипче се важни, но ни оддалеку не се доволни. Тој аргументира дека Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината од граѓаните, повикувајќи се на пораката на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова дека од 2022 година ова повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земја кандидат. Филипче ја потсети јавноста и дека уставните измени се европски услов, а не само спор со Бугарија, и предупреди дека без нив нема продолжување на преговорите со ЕУ.

Но тука доаѓаме до потешкиот дел. Изјавите на опозицискиот лидер, колку и да се точни во правно-политичка смисла, засега изгледаат како залудно трошење време и ресурси ако останат само прес-конференции. Јавното мислење е окупирано. Гласот на разумот тешко продира во медиумски амбиент во кој националистичката мобилизација е постојана, а европската аргументација се претставува како слабост, предавство или сервилност. Проблемот не е само во тоа што власта лаже. Проблемот е што создаде систем во кој лагата не мора да победи во расправа – доволно е да ја спречи расправата. Наративите, колку и да се лажни, не мора да се бранат со аргументи. Доволно е да се повторуваат како став на гордост и пркос. А потоа, секое спротивставување да се прогласи за напад врз нацијата.

Во Брисел, пак, Муцунски настапува со друга реторика. На 11 мај, пред Советот за надворешни работи на ЕУ, тој изјави дека проширувањето е императив и за ЕУ и за земјите кандидати, дека Западен Балкан треба да престане да биде „сива зона“ и дека Северна Македонија е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Истовремено, побара „оттргнување од билатерализацијата на пристапните критериуми“.

Ова е старата игра во нов костум. Во Брисел – европски речник. Дома – национална одбрана од „диктат“. Во Пустец – историска мобилизација. Во Скопје – блокада. Тоа не е дипломатска вештина. Тоа е двоен говор.

Европската рамка, меѓутоа, не се менува со говори. Европскиот центар за политики на 11 мај јасно констатира дека отворањето на кластерот „Фундаменти“ во преговорите со Унијата е условено со усвојување на уставните измени. Истата анализа бележи дека Северна Македонија е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но дека напредокот кон членство останува блокиран. Колку оваа оценка за „целосна усогласеност“ е точна, или само дипломатски коректна, е под сериозен знак прашање. Кога една влада формално ги следи европските позиции, но политички сигнализира кон Белград, Москва и Будимпешта, тогаш усогласеноста на хартија не значи ништо, а најмалку може да значи стратешка лојалност. Но за тоа – во некоја друга прилика.

Всушност, тука е јадрото на измамата. Власта постојано го нагласува она што ѝ оди во прилог – усогласеноста со надворешната политика, реформската агенда, декларативната европска ориентација – но го избегнува она што е одлучувачко: без уставни измени нема суштинско продолжување на преговорите. Не затоа што Софија тоа го кажала вчера. Туку затоа што тоа е дел од европскиот процес што оваа држава веќе го прифатила.

Мицкоски тоа го знае. Муцунски тоа го знае. Затоа не се работи за незнаење, туку за политика. Не се работи за „погрешно разбирање“ на Европа, туку за намерно редефинирање на европскиот процес како национална закана. Тоа е најопасната форма на блокада: онаа што самата себе се продава како патриотизам.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос деновиве повтори дека проширувањето останува приоритет за ЕУ, но дека неговиот успех зависи од реформите во земјите кандидати. Таа предупреди дека дека процесот мора да се забрза, но и дека нема „геополитички попусти“ и дека секоја држава ќе мора да ги исполни критериумите за реформи, владеење на правото и усогласување со европските политики.

Значи, Брисел не ја затвора вратата. Напротив, ја држи отворена. Но Мицкоски ја држи државата пред прагот и ѝ објаснува на јавноста дека влегувањето низ таа врата е понижување.

Значи, прашањето веќе одамна не е дали Мицкоски ја блокира ЕУ. Прашањето е кој уште во неговата партија, во коалицијата и во институциите разбира дека оваа блокада има рок на траење. Марта Кос може да мавта со милионите од Брисел, може да нуди постепена интеграција, може да предупредува дека нема време. Но и понудите имаат рок. И трпението има рок. И геополитичките можности имаат рок.

Ако гласот на разумот не дојде и од проевропската јавност, но и однатре – од совесните, вистински проевропски групи и поединци во самата власт – Северна Македонија ќе продолжи да се оддалечува од ЕУ. Не со еден драматичен пресврт, не со една историска одлука, туку полека и систематски: со секој говор, со секоја полуинформација или тешка лага, со секоја медиумска манипулација, со секое „ќе видиме“, со секое „прво Бугарија“, со секое „достоинство“ што завршува како изолација – и со секој фабрикуван страв од исчезнување ако земјата стане дел од европското семејство.

Мицкоски не ја промашува Европа. Тој прецизно ја избегнува.

Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Поддршка за ЦИВИЛ

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ