• Latest

Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

January 31, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

Клучното прашање тука не е Бугарија, туку рамката за пристапување во Европската Унија и обврските вградени во неа, кои власта одбива да ги третира како обврзувачки.

January 31, 2026 09:34
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски на парламентарната седница за пратенички прашања на 29 јануари 2026 година, уште еднаш го врамува прашањето за уставните измени првенствено како спор со Бугарија – прашање на реципроцитет, гаранции за идентитетот и правата на македонската етничка заедница во Бугарија. Иако оваа реторика сѐ уште му поминува во домашниот политички амбиент, неговите пораки веќе одамна не го дефинираат вистинскиот политички терен на кој се одлучува европската иднина на земјата.

Првиот услов на премиерот – македонската заедница во Бугарија да добие загарантирани права согласно меѓународното право – во принцип е легитимна грижа. Заштитата на малцинските права е темелна европска вредност и секоја форма на дискриминација заслужува сериозна анализа и силна посветеност. Сепак, ова прашање по својата природа е билатерално и не е дел од обврските во евроинтеграцискиот процес.

Уште поважно, станува збор за прашање што би било полесно – а не потешко – да се адресира откако Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Членството во ЕУ нуди правни, политички и институционални инструменти кои земјите кандидати ги немаат, барем не целосно. Затоа, блокирањето на интеграцискиот процес по ова прашање, ја слабее преговарачката позиција на Северна Македонија. Наместо водечка рамка за институциите и политичкото раководство, европската интеграција се претвора во монета за поткусурување – тотално извртување на нејзината намена.

Клучното прашање тука не е Бугарија, туку рамката за пристапување во Европската Унија и обврските вградени во неа, кои власта одбива да ги третира како обврзувачки. Толку. Точка.

Вклучувањето на бугарската, заедно со уште неколку други заедници во Уставот, не е билатерална концесија или гест на добра волја кон Софија. Тоа е формално барање вградено во преговарачката рамка на Европската Унија. Откако таа рамка беше прифатена, прашањето стана европско – во правен, политички и процедурален контекст.

Оваа разлика е клучна.

Расправијата со Бугарија за идентитет, историја или реципроцитет не се обраќа кон вистинскиот носител на одлуки во оваа фаза од процесот. Европската Унија не го оценува напредокот преку емоционални наративи. Таа го оценува преку усогласеност со договорени рамки, одредници и институционални обврски.

Продолжувајќи да го претставува прашањето како „Бугарија против Македонија“, премиерот се соочува со една претходна фаза од спорот – а не со неговата сегашна, европеизирана форма. Резултатот е политичка реторика што гласно одекнува дома, но го промашува вистинскиот соговорник надвор.

Барање на нешто што ЕУ не го дава – и не може да го даде

Вториот услов на Мицкоски – Европската Унија да обезбеди обврзувачки гаранции за македонскиот идентитет и јазик – открива подлабоко концептуално неразбирање за тоа како функционира ЕУ, и институционално и вредносно.

Европската Унија не „гарантира“ национални идентитети. Никогаш не го правела тоа. И не може да го прави тоа.

Идентитетот, јазикот, културата и историските наративи се надвор од правниот мандат на ЕУ. Унијата не е наднационална власт што сертифицира или арбитрира национални идентитети, ниту пак издава обврзувачки гаранции за тоа како народите се самоопределуваат. Ова не е прашање на политичка волја, туку на тоа како функциониаат нештата.

Во исто време, значително ниво на политичко признавање веќе постои. Во 2023 година, германскиот Бундестаг усвои резолуција со која експлицитно се потврдуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Слични признанија беа дадени и од други европски центри. Самата пристапна рамка на ЕУ го именува македонскиот јазик како таков. Во европски дипломатски термини, ова претставува највисоко можно ниво на политичко признавање што Унијата може да го понуди.

Она што сега се бара оди подалеку од таа рамка. Од ЕУ се бара да направи нешто што не го прави ниту за една земја-членка, ниту за земја-кандидат: формално и обврзувачки да „сертифицира“ идентитет на сеопфатен начин.

Ова барање, исто така, е во судир со темелните вредности на ЕУ. Европската Унија е изградена врз почитување на различностите – не врз валидација или сертификација на идентитети. „Обединети во различноста“ не е слоган, туку уставен принцип на европскиот проект. Правната и политичката архитектура на ЕУ поаѓа од претпоставката дека идентитетите постојат, коегзистираат и заслужуваат заштита, без да бидат потврдувани од наднационален авторитет. Затоа идентитетот останува во доменот на општествата и државите, додека Унијата се фокусира на права, еднаквост, инклузија и недискриминација.

Оттука, инсистирањето на „гаранции за идентитет“ од ЕУ не претставува одбрана на националното достоинство. Тоа е погрешно читање и на надлежностите и на вредностите на Унијата.

Уште поважно, со инсистирање на услови што не може да се исполнат, премиерот не зазема преговарачка позиција, туку гради механизам за блокада. Така дебатата се поместува од заштита на идентитетот кон создавање стратешка парализа што се претставува како цврстина, но која во суштина го запира напредокот.

Мицкоски, каков што го познаваме – популистичка реторика и бегство од одговорност

Она на што сведочиме не е принципиелна одбрана на националното достоинство, туку познат образец на демократско назадување, скриено зад суверенистичка реторика.

Со погрешно идентификување на Европската Унија како гарант на идентитетот и со претворање на обврзувачките услови за пристапување во наратив за билатерално препукување, владата ја поместува дебатата од доменот на институционалната одговорност кон емоционалната мобилизација. Ова не е случајно. Тоа е политички корисно за власта.

Кога правилата стануваат непријатни, тие се претставуваат како неправедни. Кога обврските ја ограничуваат моќта на властодршците, тие се прикажуваат како наметнување однадвор и мешање во внатрешните работи. А кога напредокот налага одговорност, тогаш стратегијата се заменува со реторика. Популистичка и националистичка.

Така започнува демократското назадување – не со отворено отфрлање на Европа, туку со постепена делегитимизација на нејзината рамка. ЕУ престанува да се третира како правна и политичка заедница со јасни процедури, туку како апстрактен противник од кого се бараат невозможни гаранции. Во таков политички простор, неуспехот секогаш може да се префрли на некој друг.

Во исто време, инсистирањето на услови што не може да се исполнат функционира како тивко вето – против нас самите – без тоа отворено да се признае. Така владата може да глуми цврстина, избегнувајќи одговорност за застојот. Тоа е политика на одложување што се крие зад остра реторика на заштита, одбрана, борба, жртва…

Авторитарното владеење ретко се најавува гласно. Тоа напредува преку селективна – најчесто лажна – усогласеност, своеволно редефинирани правила и нормализација на исклучивоста и изолацијата. Кога правото и демократскиот систем се претставуваат како прашање на избор и паушална интерпретација, кога договорените рамки се третираат како предмет на пост-фестум преговори, и кога ЕУ се адресира како културен арбитер наместо како партнер – владеењето на правото се претвора во апстракција. А демократското назадување и економската стагнација стануваат реалност што не може да ја прикрие ни најмоќната пропаганда.

Европскиот пат не се распаѓа затоа што идентитетот е загрозен. Тој се разградува како директна последица, кога политичкиот врв, конкретно премиерот, одбива да дејствува во рамките на европските правила и обврски. Дали тоа се прави под диктат на внатрешни или надворешни влијанија станува споредно, бидејќи резултатот е ист: земјата тапка во место и тоне сѐ подлабоко во периферијата на Европа.

Да повториме, централното прашање не е Бугарија, ниту идентитетот, ниту достоинството. Туку дали премиерот ќе продолжи со политика на постојана огорченост и конфронтација со реалноста што води кон изолација, економска стагнација и ерозија на демократијата.

Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Tags: БугаријаЕУизолационизамуставни измени
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ