Состојбата во македонските затвори е повеќе од алармантна!
„ЦИВИЛ – Центар за слобода со години ги повикува институциите да преземат итни мерки за подобрување на условите во затворите, за почитување на човековите права на притворените лица и затворениците и за укинување на тортурата во притворите и затворите во Република Македонија. Со години, притворот во Македонија се користи како сурова казнена мерка… Ова се само дел од наодите и согледувањата на состојбите во оваа сфера“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ бара институциите веднаш да одговорат на прашањата во јавноста за смртните случаи на осудените лица последните месеци во македонските затвори..
„Надлежните институции и персоналот во затворските установи мора да понесат одговорност за смртта на затворениците, вклучувајќи го и најновиот случај со смртта на Ердал Јусинов, кој е повод за најновото обраќање на ЦИВИЛ до Управата за спроведување санкции, до Министерството за правда и други надлежни институции“, порачува ЦИВИЛ во своето соопштение.