• Latest

1 јуни, вонредна состојба, ден 74: Осуда на говорот на омразата, расте бројот на заболени, комуникацијата меѓу Заев и Мицкоси без резултати…

June 1, 2020

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

1 јуни, вонредна состојба, ден 74: Осуда на говорот на омразата, расте бројот на заболени, комуникацијата меѓу Заев и Мицкоси без резултати…

June 1, 2020 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ со жестока реакција на говорот на омразата на Миленко Неделковски

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19. Деструктивноста на пораките на Неделковски се гледа и во бројните коментари во кои дел од неговите следбеници искажуваат поддршка на говорот на омразата, радост и ситење.

ЦИВИЛ  најостро го осудува овој експлицитен говор на омразата, што непречено го шири Неделковски, криејќи се зад правото на слобода на изразувањето!

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Петти јули е денот на изборите

Петти јули е денот на изборите, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кого, до тогаш партиите имаат 35 дена да се подготват.

Изборите би се одржале 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи поради спроведување на економските мерки, додаде Заев.

– Токму заради заштита на здравјето на граѓаните изборите се решение, а датумот за нивното одржување е веќе завршена работа. Тие ќе се случат на 5 јули, за да добиеме најбрзо што може функционално Собрание и политичка Влада. Проблемите што ги предизвикува Наќе Чулев, мора да ги оставиме зад нас, а тоа е можно само со избори. Не е одговорно да ја оставиме државата без Парламент и со техничка Влада во која опозоцијата е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба, изјави на прес-конференција Заев.

Заев тврди дека со Мицкоски комуницирале се` до новата одлука за вонредна состојба, но иако биле близу, не успеале да се договорат за датум за одржување на изборите. Сега му порача и нему и на останатите лидери дека имаат 35 дена да се подготват за избори.Од ВМРО ДПМНЕ, пак, му порачаа дека треба да се соочи со реалноста.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА:

89 случаи на новозаразени од КОВИД-19 во земјата. Во изминатите 24 часа починале 7 лица, а оздравени се 17.

*

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец се во домашна изолација поради тоа што имале контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

*

Во самоизолација останува и премиерот Оливер Спасовски и покрај негативниот резултат од тестирањето на КОВИД-19.

*

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи на својот Фејсбук профил објави дека е позитивна на КОВИД-19.

*

Во Државниот санитарен инспекторат е потврден еден позитивен случај на заболено лице, административен работник.

*

По контактите со веќе потврдените функционери од СДСМ, Зеќири и Лукаревска, во самоизолација се и директорот на Службен весник како и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Државната изборна комисија ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Државната изборна комисија ги почна подготовките за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

*

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска поднесе претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) за отпочната постапка за избор на членови на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од страна на ректорот Никола Јанкуловски, со што тој повторно, како и за постапката за избор на ректор, ги прекршува Статутот на УКИМ, Законот за високо образование и Уредбата за примена на Законот за високо образование донесена од Владата во услови на вонредна состојба.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Без оглед на тоа кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори, ЦИВИЛ и набљудувачите треба да бидат подготвени. Затоа, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Од постојната структура (180) се откажаа 4 лица, но Организацијата обезбеди уште 60 места за краткорочни набљудувачи, така што во моментов има 64 слободни места за краткорочни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

СЛОБОДНА ЗОНА

„Бојкотот на изборите, македонскиот стар политички пријател, сега е, всушност, единствената нова идеја околу која ќе се води јавната полемика во деновиве до прогласувањето на изборниот датум за во јули. Тоа за опозицијата беше маргинална варијанта до пред три-четири дена, кога трендовите со заразените беа ниски. Во страв од изборните резултати, порастот на тие трендови се покажа како извонредна можност за опозицијата да фати бојкотирачка издржана политичка поза, ем на грижа за јавното здравје, ем за сопствено продолжено останување на чело на партијата, без изборен пораз. Оти, раководството на опозицијата има точна проценка дека, и покрај трендот на влошување на состојбата со епидемијата, на јулски избори би доживеале пораз, бидејќи „непартиските“ гласачи се свесни за „надпартиската“ природа и причини за ширењето на заразата“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Со бојкотот или врз него?

„Вонредната состојба е краткорочно решение, ни оддалеку доволно успешно, поради отсуството на парламент и на политичка влада со полн капацитет. Тотално политичко и правно лимбо… Не мора човек да биде Магелан за да „открие“ што се случува. Без оглед на тоа што некој можеби е жртва на пропагандата, па овие тврдења ги отфрла, доволно е да ги вклучи разумот и логиката, па ќе сфати дека овие ставови се резултат на искуството и рационалното размислување“, пишува Џабир Дерала во денешниот рафал – Лекарите не можат сами!

„Кога е Талат во прашање, можно е и кога немаш мандат, да имаш надлежност“, поентира Џевдет Хајредини.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ