• Latest

12 февруари: Знамето на НАТО, избори, говор на омраза, загадување, епидемија, но и #Персепективи2019

February 12, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 февруари: Знамето на НАТО, избори, говор на омраза, загадување, епидемија, но и #Персепективи2019

February 12, 2019 17:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО

Владата реши членството во НАТО да го обележи со свечена церемонија по повод подигнувањето на знамето на НАТО. На свечената церемонија присустваа сите министри и високи функционери, партиски лидери и пратеници. Видливо беше отсуството на претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Од Владата известија дека Иванов бил уредно поканет и покрај информациите што излегоа од претседателскиот кабинет дека до нив не стигнала никаква покана.

Говорот на премиерот траеше околу 30 минути во кој, освен значењето да се биде 30-та членка на НАТО, содржеше и идни реформски планови на патот кон ЕУ, визија за иднината на Македонија, предпредување до сите коруптивни системи во државата, како и образложување за промената на името. Премиерот се заблагодари и на претходните претседатели борис Трајковски и Кор Глигорв за нивните заложби за безбедна Македонија и на грчкиот премиер Алексис Ципрас за постигнувањето на Преспанскиот договор.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, на 13 и 14 февруари во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, што е прво учество на министер од нашата земја на официјален состанок на Алијансата по потпишувањето на Протоколот за пристапување.

Заминувањето на Џес Бејли

По повод завршувањето на неговиот мандат Џес Бејли, Амбасадорот на САД, денеска се сретна со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Осамни.

На средбата Османи изрази благодарност до САД, како стратешки партнер и пријател, со чие присуство и активно учество, како што рече Османи, се остварени најважните успеси на земјава од нејзината независност, но и остварување на целта – влез во НАТО.

Претседателски избори

Конечната одлука за тоа кој ќе биде кандидат на СДСМ ќе се донесе на Конгресот на партијата кој ќе заседава на 3 март. Досега единствениот познат пријавен кандидат Ѓорѓи Филипов, на социјалните мрежи истакна дека одлуката ја донесел во консултација со членовите на семејството и на иницијатива на многу пријатели, познаници, колеги од Македонија и надвор од неа, кои веруваат во неговите капацитети, знаење и искуство.

Говор на омраза

Константин Плевнеш, кој предава на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, континуирано објавува коментари со говор на омраза на својот Фејсбук профил. Меѓу останатите, пораки со говор на омраза беа упатени кон новиот декан на Универзитетот ФОН проф. д-р Љубомир Фрчковски и проф. д-р Катерина Колозова.

Освен брзата реакција на институциите во случајот со Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза против Грците кога се ситеше на несреќата на оние што настрадаа во минатогодишните пожари во Грција, не видовме дека нешто друго се прави. Голем број јавни личности се до денешен ден мета на говорот на омразата на Неделковски, но тој не одговара за тоа. Случајот со Плевнеш е само уште еден во низата каде што се гледа една инертност на институциите, наспроти декларираната заложба дека ќе се борат против говорот на омразата и поттикнувањето на омразата.

Загадување

Заменик-министерот за животна средина просторно планирање, Јани Макрадули, во телевизиска емисија изјави дека не се точни некои од наодите во Извештајот на Европската организација на врховни ревизорски институции – EUROSAI за квалитетот на воздухот, во кој се наведува дека индустриијата е најголемиот загадувач во земјата.

На оваа изјава реагираше и Државниот завод за ревизија велејќи дека сите податоци кои се презентирани во Меѓународниот ревизорски извештај за квалитетот на воздухот се релевантни се обезбедени од надлежни институции од ревизорскиот тим.

Макрадули изјави дека апсолутно е неточна констатацијата за индустријата, бидејќи таму е само лоцирана и земена РЕК Битола и влијанието на ЦО2 и СО2, како и дека „тој извештај датира од 2017 година и дека Меѓунардониот ревизорски извештај „лоцира некои точки кои делумно се точни, делумно не се точни“.

Епидемија

За само три дена, починаа три деца поради компликации од морбили. Епидемилозите апелираат сите невакцинирани да се вакцинираат, оти друг начин на заштита од морбили нема. Од почетокот на епидемијата до сега, регистрирани се 220 заболени, а вакцинирани се околу 9000 деца. Дури 50% од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината.

Перспективи 2019

Општествено-политичката реалност и перспективите во 2019 година ќе бидат ставени под лупата на голем број учесници на конференцијата #Перспективи2019 што ќе се одржи утре, на 13 февруари, во Кино Култура, со почеток во 11 часот.

Воведни излагања ќе имаат германскиот амбасадор Томас Герберих и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Списокот на говорнички и говорници содржи значајни имиња од областа на политиката, медиумите и граѓанското општество, што секојдневно се чувари на објективните сознанија и факти. На Конференцијата ќе се говори на темите „Меѓу надежите и реалноста“ (општествено-политичките процеси и економските прашања) и „Историски завршници и отворање на новите перспективи“ (Евроатлантски интеграциски процеси).

Настанот е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ